Свет
Од јули 150 турски офицери ја напуштиле командата на НАТО
Околу 150 турски офицери ги напуштиле командните структури на НАТО по неуспешниот воен преврат од 15-ти јули за соборување на владата и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави во средата американскиот генерал на чело на сојузничките сили во Европа, Кертис Скапароти.
„Голем број турски офицери се во затвор, некои се отповикани од Брисел, а некои заминаа во пензија“, изјави американскиот генерал Кертис Скапароти во рамките на еден состанок на НАТО во Брисел.
Скапароти појаснил дека тие заминување, некои присилни а некои посакувани, се однесуваат на 50 отсто од турските офицери во Сојузничката команда за операции (ACO) и дека станува збор за 150 воени лица.
„Тоа влијае на функционирањето на командата и ставање на дополнителен товар на оние кои остануваат“, додава Скапароти според кој малку повеќе од половина воени лица се веќе заменети.
Местата од кои заминале се SHAPE, стратешкиот главен штаб на НАТО во Монс во Белгија, и двата друга главни штаба на ACO во Неапол во Италија и Брунсум во Холандија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 18-ти ноември откри дека неколку турски офицери побарале азил во земјите членки на НАТО по чистките кои се спроведуваат по неуспешниот државен удар, без да ги прецизира ниту нивниот број, ниту земјите во кој барале азил.
Во една база во Рамстејн, во западна Германија, забележани се неколку истапувања на турски офицери, пишува германскиот печат.
Случајот кон најмногу го следат медиумите се однесува на осум турски офицери кои ноќта кон 16-ти јули со хеликоптер пребегаа во соседна Грција. Грчкото правосудство се согласи на Турција да ѝ предаде тројца офицери кои можат да бидат обвинети дека соработувале со пучистите, иако тие го негираат тоа,Ден претходно, пак, судот во Атина одби да ги екстрадира другите тројца офицери кои ги бара Анкара.
Многу турски војници и офицери побегнаа во разни европски земји по обидот за државен удар и чистките кои се спроведуваат во војската./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

