Свет
Патрушев убеден дека односите меѓу Русија и САД ќе се подобрат

Натамошното влошување на односите меѓу Москва и Вашингтон не е во интересот на ниедна до страните, изјави во вторникот челникот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев.
„Како што покажува неодамнешната историја, односите меѓу Русија и САД, порано или подоцна, ќе се вратат на нормалното ниво, особено затоа што натамошното влошување не е во интересот ниту на Москва, ниту на Вашингтон“, изјави претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев, Николај Патрушев..
Според него, Москва е подготвена да соработува со Вашингтон, но истакнува дека „Американците ја споредуваат Русија со вирусот на ебола и терористите на Исламската држава“.
„Подготвени сме да соработуваме со нашите американски колеги под услов нашата соработка да почива на рамноправност и заемно почитување на интересите. Меѓутоа, Русија е вброена во најголемите светски закани за американската национална безбедност. Мораме да се запрашаме што го натерало Вашингтон да мисли дека Русија може да ја стави во ист ранг со Исламската држава и со вирусот на еболата“, додаде Патрушев, пренесе агенцијата ТАСС./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација