Свет
Пред инаугурацијата на Трамп, Кина покажува „мускули“
Кинеската војска размести на Пацификот носач на авиони и го претстави сосема новиот борбен авион, за да на помалку од еден месец од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп кој ги разгоре тензиите со Тајван, да ја демонстрира моќта на својот воен арсенал, коментира во понеделникот AFP.
Кинеските државни медиуми прво објавија дека во Пацифик впловил засега единствениот кинески носач на авиони „Лиаонинг“, а потоа и дека борбените ловци од новото поколение „FC-31“ го извршиле својот прв лет.
Ова демонстрирање на сила, истакнува AFP, доаѓа во моментот кога во Пекинг е вклучена „тревогата“ поради тоа што на 20-ти јануари во Белата куќа ќе влезе Доналд Трамп кој во текот на својата предизборна кампања не ги штедеше вознемирувачките на кинеските власти изјави.
Имено, Трампо спектакуларно раскина со 40-годишната американска политика откако телефонски разговарал со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, иако Кина го критикува секој официјален контакт меѓу своите партнери и функционерите во Тајван, одметнатиот остров кој го смета за една од своите покраини.
Иако телефонскиот повик бил од страна на тајванската претседателка, агенцијата оценува дека Трамп долеал масло на огнот со изјавата за можно „приближување“ на САД и Тајван, додека официјален Пекинг никогаш не ја исклучи можноста со сила да го врати островот под свој суверенитет. Тајван, имено, политички е одвоен од Кина од 1949 година, откако на континентот победија комунистичките сили.
Во таквите околности, поморските маневри на морето во коишто покрај носачот на авиони учествуваат уште неколку борбени бродови, не остана не забележано. Не мина незабележан ниту фактот дека досега „Лиоанинг“ никогаш не пловел во Пацифик од 2012 година кога беше предаден во употреба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

