Контакт

Регион

Албанскиот парламент го ратификува договорот: Италија ќе ги испраќа мигрантите во Албанија, таму ќе градат две прифатилишта

Објавено пред

Албанскиот парламент денеска го ратификува договорот за миграција со Италија, кој ѝ дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја.

dobivaj vesti na viber

Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори две прифатилишта за мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ.

Во едното прифатилиште мигрантите би биле прегледани по пристигнувањето, а во другиот додека се обработуваат нивните барања за азил. На мигрантите потоа ќе им биде дозволено да влезат во Италија или да бидат репатрирани.

Договорот беше оспорен пред албанскиот Уставен суд од претставници на опозициската Демократска партија, кои тврдеа дека тој го прекршува уставот со пренесување територија и државни овластувања на друга земја.

Уставниот суд ги отфрли нивните приговори и даде зелено светло за договорот минатиот месец. Брисел рече дека италијанските планови не го прекршуваат правото на ЕУ.

Регион

Сијарто: Во интерес на ЕУ е што побргу да ги прими земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ е нарушенa со одолжувањето на интегративниот процес на прием на земјите од Западен Балкан, изјави денеска министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, додавајќи дека тоа е во интерес на ЕУ што побргу да ги интегрира земјите од регионот во своите рамки.

dobivaj vesti na viber

На заедничката прес-конференција со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, Сијарто истакна дека изборите во Европскиот парламент го отворија патот за „десничарски, мирни, суверени“ промени во политичкиот правец наречен здрав разум во европски политички дебати, а ЕУ би можела да ги реши долгорочните предизвици и да ги интегрира амбициозните и брзоразвивачки земји од Западен Балкан, објави МТИ. Денес, додаде тој, на Европската Унија ѝ е потребен Западен Балкан повеќе отколку на Балканот ЕУ.

Додека, од една страна, многу земји членки на ЕУ јавно го поддржуваат проширувањето, вели Сијарто, работите се поинакви зад сцената нагласувајќи дека Унгарија за време на своето претседавање со Европскиот совет во втората половина на оваа година ќе ја промени оваа „лицемерна политика и ќе ја постави на темелите на искреност и чесност“, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Регион

На Дино Мерлин му се слошило, брза помош дошла по него

Објавено пред

На пејачот Дино Мерлин му се слоши, а медицинските екипи реагираа.

dobivaj vesti na viber

Според очевидци, пејачот се чувствувал лошо, па на помош му дошла итната помош.

Очевидци изјавиле дека пејачот едвај оди.

„Изгледаше многу лошо, едвај оди. Јас живеам овде, па често го гледам“, вели еден од очевидците.

Како што неофицијално дознава „24 сата.хр“, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот, но пејачот е надвор од животна опасност.

Пејачот бил придружуван од ќерката Наида, која го придружувала до брзата помош.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција нуди бесплатен одмор на туристи, 25.000 луѓе имаат право

Објавено пред

Грција им нуди бесплатно патување до Родос на туристите што мораа да го напуштат островот поради шумски пожари.

dobivaj vesti na viber

Страшните шумски пожари, кои ја опустошија Грција минатата година, принудија многу туристи рано да се вратат дома, пишува „Дејли мејл“. Ова лето Грција реши да им се одолжи и да им понуди на 25.000 луѓе речиси бесплатен одмор како компензација за нивното принудно бегство од островот Родос минатата година.

Се смета дека грчката влада прва одлучила за ваков вид компензација. Грчките власти известија дека секој што бил евакуиран од хотел на островот и чиј одмор бил прекинат поради пожарот има право на ваучер во вредност од 500 евра за покривање на трошоците за нивниот престој на островот.

Туристите што го остваруваат правото на компензација може да уживаат во некој од избраните хотели на Родос во периодот до 31 мај или од 1 октомври до 15 ноември. Ова значи дека тие не може да изберат јуни, јули, август или септември. Според официјални лица, 5.000 туристи одлучиле да ја прифатат понудата на грчката влада, а се очекуваат уште повеќе. Шемата наречена „Недела на Родос“ ја дизајнира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во соработка со Министерството за туризам и хотелиерите на Родос. Повеќето од луѓето евакуирани од Родос поради шумските пожари биле британски туристи, па оваа вест е објавена во емисијата „Добро утро, Британија“ на ИТВ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

МВР со нови детали за пукањето во Тетово: пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа на тетовец

Синоќа во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од...

Македонија52 минути

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на...

Македонија3 часа

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија3 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија4 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија5 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ6 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион7 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет8 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет8 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион8 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија8 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија24 часа

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија1 ден

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...