Регион
Босански медиуми: Убиецот од Градачац планирал да се ожени со друга жена и да замине во Германија
Нермин Сулејмановиќ, кој на 11 август во Градачац, Босна и Херцеговина ја уби сопругата и уште две лица, а потоа се самоуби, на 16 август планирал да се ожени со друга жена и да замине во Германија каде што ќе отвори теретана.
Оваа информација за „Аваз.ба“ неофицијално ја потврдиле од полициските кругови во земјата. Избраничката на Сулејмановиќ, како што се наведува, е од германски град.
Истрагата покажала дека тој по венчавката планирал да замине во Германија.
Нермин Сулејмановиќ на 11 август во Градашац, Босна и Херцеговина ја уби својата невенчана сопруга и уште две лица, а откако се обидел да побегне, се самоубил пред очите на полицијата.
Тој ден, Сулејмановиќ го сними убиството во живо на Инстаграм, а видеото беше отстрането три часа подоцна.
Членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, рече дека злосторството во Градачац, во кое беа убиени три лица, е потсетник дека на Босна и Херцеговина (БиХ) и се потребни институционални и долгорочни решенија за да се спречи насилството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

