Регион
Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата Данка Илиќ (2) со колегата од „Водовод“, Срѓан Јанковиќ (50), вчера беше погребан на локалните гробишта пред само десетина негови најблиски роднини и инспектори.
Во околината на неговиот гроб е ископана земја на повеќе места, каде што полицијата изминативе денови трагаше по телото на убиеното девојче.
Инаку, Далибор е уапсен заедно со татко му под сомнение дека на 28 март, два дена по убиството на малата Данка, му помогнале на Дејан да го премести телото на девојчето од дивата депонија на Старобањскиот пат, каде што првин било фрлено, за тајно да ја скрие локација.
При апсењето Далибор во полиција признал дека учествувал во криењето на телото, но не сакал да им открие на инспекторите каде завршил трупот на Данка. Оваа тајна ја однел во гроб кога во неделата починал во полициската станица, а Дејан и татко му Раде упорно ја кријат локацијата на телото.
Според неофицијални информации, Дејан и Раде побарале од судот да присуствуваат на погребот на Далибор, но тоа не им било дозволено.
Погребот го организирала мајката на Далибор и на Дејан, Светлана, која е единствениот член од семејството Драгијевиќ кој е на слобода. Присуствувале повеќе блиски роднини и соседи, а куќата ја обезбедувале неколку полициски патроли. Од куќата се слушал лелек, по што Светлана, роднините и соседите во колона од неколку автомобили се упатиле кон гробиштата.
Погребот беше бојкотиран од мнозинството жители на Злот, кои биле огорчени од она што го направија Драгијевиќ.
„Далибор е погребан и се знае каде му е гробот, а на Данка? Каде е гробот на Данка? Каде го фрлија ангелчето и зошто молчат? Како може да молчат? Дејан треба да скапе во затвор и кога ќе умре, и за него да не се знае каде му е гробот“, рекол жител на Злот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.