Регион
Брнабиќ: Одржувањето нови избори е демократско решение за актуелната ситуација

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, смета дека одржувањето нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата додавајќи дека српската парламентарна опозиција нема легитимитет.
Брнабиќ оваа изјава ја даде по падот на српската влада и оставката на премиерот Милош Вучевиќ додавајќи дека преодната влада, која дел од опозицијата ја предлагаат како решение за кризата, треба да се нарече телепортска влада затоа што би послужила како машина за телепортирање на опозицијата на министерски позиции.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вчера дека по падот на владата, има две опции: формирање нова влада во законскиот рок или одржување предвремени избори, но дека во следните десет дена ќе донесе одлука дали ќе има избори или формирање нова влада.
Брнабиќ посочи и дека парламентарната опозиција повеќе не застапува никого, што е огромен проблем, наведувајќи дека, од друга страна, прашање е дали изборите би решиле нешто.
„Тешко дека по оваа влада, некогаш ќе го имаме времето што го имавме пред 2012 година кога немаше политичка одговорност, сега имаме примери на кои сите ќе се повикуваат“, додаде Брнабиќ.
Лидерите на одредени опозициски партии и движења, реагирајќи на оставката на премиерот Вучевиќ и падот на владата, порачаа дека сега не се работи за избори, дека првин треба да се исполнат сите барања на студентите.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка поради студентските и граѓанските протести, кои траат речиси три месеци барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад кога се урна натстрешникот на железничката станица, при што загинаа 15 лица луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово објави забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради епидемија на птичји грип, јавува „Анадолија“.
Привремената забрана стапува во сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде, Бразил, пријавен од бразилските власти на 16 мај.
Агенцијата наведува дека целта на одлуката е да се заштити јавното здравје и да се спречи потенцијалното ширење на болеста во Косово.
„Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест, која првенствено ги напаѓа птиците и во ретки случаи може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека јадењето живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани“, наведува агенцијата.
Оваа одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ги Европската Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откога беше потврдена епидемијата, се додава во соопштението, објави РТК.
Регион
Ѓукановиќ: Се плашам, ситуацијата на Балканот е многу полоша отколку пред десет години

Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ оцени во Сараево дека ситуацијата на Западен Балкан денес е полоша отколку што беше пред десет години и ја опиша европската перспектива на регионот како заматена, особено предупредувајќи на опасноста од влијанието на големосрпскиот национализам.
Ѓукановиќ беше гостин предавач на Факултетот за политички науки во Сараево (FPN), каде што им изјави на новинарите дека одговорноста за слабеењето на европските процеси и влијанието во регионот е на Европската Унија, како и на земјите од Западен Балкан.
Во врска со ЕУ, тој рече дека му се чини оти во неа нема доволно решителност за продолжување на процесот на обединување на европскиот континент, а потенцијалните членки го носат својот дел од одговорноста бидејќи бавно ги спроведуваат реформите што се бараат од нив. Сè беше комплицирано од влошувањето на геополитичките односи, вели Ѓукановиќ.
„Долго време имавме привилегија да имаме стабилни геополитички односи уште од крајот на Студената војна, а сега сме сведоци на раѓањето нов геополитички поредок со многу контроверзии. Се плашам дека ова ќе има многу негативни рефлексии врз регионот на Западен Балкан“, рече поранешниот црногорски лидер, кој, по долгогодишно управување со земјата, мораше да се повлече од власта во 2023 година кога беше поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ.
Ѓукановиќ во Сараево изјави дека застојот во процесот на европската интеграција предизвикал и влошување на односите меѓу земјите од регионот и посочува дека национализмот што го промовира Белград игра важна улога во тоа.
„Кога немаме добра динамика на европскиот пат, тогаш се појавуваат национализми што ги уништуваат добрососедските односи. Црна Гора е повеќе од кога било погодена од влијанијата на големосрпскиот национализам и поради ова, добрососедските односи, вклучително и односите со БиХ и Хрватска, се влошија. Се надевам дека ова нема да има никакви сериозни и долгорочни последици“, рече Ѓукановиќ.
Регион
Се повлекува шеќер од пазарот во Хрватска: може да предизвика здравствени проблеми

Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде соопштение за повлекување на палминиот шеќер Thai Dancer (пакување од 200 г, рок на траење: 24.5.2026 година) поради присуство на зголемени количини и необележани сулфити во производот.
Според анализата, производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1333/2008 на Европскиот парламент и Советот за прехранбени адитиви, како и со регулативите за информирање на потрошувачите за храната.
Со ова повлекување се штити здравјето на чувствителните потрошувачи, особено оние со алергии или нетолеранција на сулфати, објавува b92.net.