Регион
Бугарскиот амбасадор повикан во Софија – причина била сериозната состојба со правата на Бугарите
Бугарија го повика на консултации во Софија својот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, соопштија надлежните служби, пренесуваат бугарските медиуми.
Причината за неговото привремено враќање во земјата, според написите, е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на манифестациите и злосторствата на омраза против нив во последните месеци.
„Амбасадорот е во Скопје, каде што од минатата недела има тензија, вербални напади и закани кон бугарски активисти во РСМ, подметнат пожар во Културниот клуб ‘Иван Михајлов’ во Битола во јуни 2022 година, три последователни напади врз зградата на организацијата ‘Цар Борис Трети’ во Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивна антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, насилен напад на 19 јануари 2023 година над Христијан Пендиков, секретар на организацијата ‘Цар Борис Трети’ во Охрид“, пренесува БНТ.
Целта на консултациите, според медиумот, е да се разговара за можностите за запирање на опасната тенденција на засилување на притисокот врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за натамошен развој на билатералните односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

