Регион
„Вечерњи лист“: Жртвите на усташкиот режим бараат отштета од три ипол милијарди долари
На Хрватска деновиве и е врачена групна тужба за надомест на штета, поднесена од страна на Срби, Роми и Евреи, кои за време на Втората светска војна претпеле злосторства од страна на усташкиот режим, кој владееше во поранешната Независната држава Хрватска (НДХ), пишува „Вечерњи лист”.
Загребскиот весник посочува дека станува збор за постапка која е покрената во мај минатата година, пред Окружниот суд во Чикаго во САД, а лицата наследници и роднини на жртвите бараат надомест во висина од три ипол милијарди долари.
Министерството за надворешни работи за хрватскиот весник потврди дека тужбата е дојдена преку Амбасадата на САД.
Надоместокот не се однесува само на штета во врска со конфискуваниот имот, но исто така и на нематеријалната штета која ја претрпиле жртвите во усташките логори.
Обвинителите тврдат дека за штетата е одговорна за Хрватска, која е правен наследник на НДХ.
Хрватското министерство за надворешни работи изјави дека Хрватска не може да одговора, затоа што таа не е наследник на НДХ, туку е создадена врз основа на одлука на Националниот совет на хрватското антифашистичко движење -ЗАВНОХ, пишува „Вечерњи лист“./мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

