Регион
(Видео) Сериозна состојбата во српските болници поради Ковид-19
Драматично е во српските болници, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, иако пациентите заразени со коронавирус се јавуваат навреме, клиничките слики се тешки. Дневно има од 4.000 до 5.000 нови заразени со коронавирусот.
Ходници полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти, пациенти кои се борат за здив во интензивна, тешка, драматична клиничка слика, лекари постојано на нозе. Oва се сликите што утрово од црвената зона во Батајница ги пренесува ТВ Прва.
„Оваа слика никогаш не е видена од отворањето на болницата. Она што најмногу ме плаши е што во моментот, сликата што ја гледаме тука изгледа како онаа што ја видовме пред една година од Италија, пострашното сценарио што беше во Италија “, рече д-р Татјана Аџиќ.
Таа додаде дека текот на болеста е тежок и непредвидлив. Она што го видовме е неверојатна тромбоза, од една страна генерализирана од глава до пети. Луѓето остануваат без раце, без нозе. Вирусот е непознат, недефиниран. Не поминува ден кога барем еден не е опериран поради тромбоза, рече д-р Аџиќ.
Во Србија 16 отсто од населението е вакцинирано, а се планира до крајот на овој месец да бидат имунизирани 40 отсто од српските граѓани.
Дел од рестриктивните мерки се олабавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

