Регион
Во Брисел знаат кој е автор на документот кој предизвика забуна во регионот

Првиот претседател на независна Словенија, Милан Кужан, рече дека очигледно постои „нон-пејпер“ за промена на границите на Балканот, иако во Словенија негираа дека стојат зад тоа.
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Жељjко Комшиќ потврди дека словенечкиот претседател Борут Пахор им рекол на тројца членови на Претседателството на БиХ за време на посетата на Сараево на 5 март дека има се повеќе гласови во ЕУ кои бараат крај на распадот на Југославија. Пахор наводно прашал дали е можно „мирно распаѓање“ на БиХ.
Во меѓувреме, во средината на април, во медиумите се појавија обвинувања за наводниот предлог на словенечкиот премиер Јанез Јанеса за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин за решавање на проблемите меѓу шест земји во регионот.
„ Не знам што го натера претседателот Пахор да го постави тоа прашање. Тој го негира тоа, велејќи дека неговиот став е јасен дека нема дискусија за промена на границите. Исто така, премиерот на нашата влада го негира тоа, и очигледно таквиот нон-пејпер постои. Се покажа дека е познато во Брисел кој е неговиот автор, како и содржината, но тие не сакаат да го откријат поради неговиот погубен ефект врз меѓународните односи”, посочува Кучан.
Нон-пејперот е израз што се користи во Европската унија за неофицијален документ како теза за разговори што се разменуваат доверливо меѓу владите или институциите.
Овој документ предизвика забуна затоа што предлага проширување на Србија, Хрватска и Албанија, додека Бошњаците ќе останат со помал дел од Босна и Херцеговина.
Се поставува прашањето до кој степен, покрај националистичките лидери на Балканот, во подготовката на овој наводен документ учествувале и одредени кругови во ЕУ.
„Не знам. Повеќе не сум вклучен во тие дискусии и процеси“, рече Кучан, додавајќи дека е многу опасно кога се зборува за регионалните сили на Балканот.
„Тогашниот претседател на Советот на Европа, Ван Ромпуј, ми рече во разговор дека, пред сè, Србија треба да се обучи и да се приклучи на ЕУ, бидејќи тоа ќе ја натера, како регионална сила, да преземе одговорност за смирување на Балкан. Тогаш му реков: „Знаете, Претседателе, кога станува збор за регионалните сили на Балканот – тогаш сте на работ на војна.“ Кога ќе го погледнам денес, поминаа точно десет години откако мојот извештај беше подготвен, проблемите во Босна и Херцеговина останаа исти, тие стануваат поостри, сè повеќе водат кон конфликт, а не кон решавање“, рече Кучан.
Тој додава дека Словенија не може да има поинаков став од оној со кој го започна процесот на независност на државата, дека сите републики имаат право на нивните држави и дека распадот на Југославија треба да заврши во постојните граници.
„Значи, не е можно никакво прекројување на границите“, рече Кучан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Малезија скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал

Синоќа малезиски државјанин скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал. За ова била известена полицијата во Мостар, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесува „Кликс“.
Портпаролот на МУП на ХНК, Људевит Мариќ за „Klix.ba“ вели дека полицајците веднаш по пријавата излегле на терен.
На местото на настанот дознале дека е малезиски државјанин, но не нашле никакви документи.
Од таму објаснуваат дека било ноќ и условите не дозволувале потрага, но дека денеска истата ќе може да се спроведе.
Регион
Турска воена база ракетирана во северен Ирак

Турската воена база Зилкан во областа Ниневија во северен Ирак денеска била погодена со ракети, соопштија претставници на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.
Според соопштението на антитерористичкиот оддел на курдскиот регион во Ирак, врз базата Зилкан биле лансирани најмалку осум проектили, од кои два ја погодиле целта, пренесува АП.
Одговорноста за нападот ја презеде Бригадата на исламскиот отпор – Ахрар ал-Ирак, организација која е составен дел на шиитските милиции поддржани од Иран.
Претставник на турското Министерство за одбрана, кој даде изјава под услов да остане анонимен, рече дека во нападот на базата Зилкан нема жртви или штети.
Од 2019 година Турција спроведува воени операции во северен Ирак, каде што се бори против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има упориште во овој регион. Анкара изгради неколку воени бази на северот на Ирак, што предизвика големо незадоволство кај официјален Багдад, кој ги смета овие бази за незаконски.
Регион
Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош.
Како што се наведува, се работи за 68-годишна жена, на која првин ѝ се слошило.
Авионот од Келн принудно слета во Белград во 22.24 часот. Авионот летал за Ниш.
Помош од лекарите на оваа служба најмногу барале граѓани со покачена температура и пациенти со кардиоваскуларни заболувања поради проблеми со задушување.