Регион
Во Дубровник соборен рекорд за температурата на морето
Во Хрватска претходниот ден беше соборен рекордот на температурата на морето откако Државниот хидрометеоролошки завод вршеше мерења, па температурата на морето во Дубровник во 17 часот беше измерена 29,7 степени.
Морето во Хрватска било најтопло во 2015 година на Раб кога температурата била 29,5 степени.
Температурата на морето измерена вчера во хрватскиот Јадран никаде не беа пониски од 26 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Македонија и во Црна Гора
Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води. Бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.
„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица, која е на речиси 60 километри од епицентарот.
Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.
Засега не се знае дали има материјална штета. Епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Регион
Грушко: Состојбата на Балканот ескалира поради политиката на Америка, НАТО и ЕУ
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, денеска изјави дека ситуацијата на Балканскиот Полуостров станува сè посериозна поради политиката на Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија.
Во интервју за ТВ-каналот „Русија 24“, Грушко изјави дека западните земји вршат постојан притисок врз Србија за да ја истиснат од сегашната позиција,користејќи ги сите расположливи средства, вклучително и поткопување на внатрешната стабилност. „Ситуацијата на Балканот се влошува и станува сè поакутна како резултат на намерната политика на земјите од НАТО, Европската Унија и САД.
„Овие земји вршат притисок врз Србија да ја признае независноста на Косово и да се приклучи кон антируските санкции“, рече Грушко, пренесе „РИА новости“. Тој укажа и на обидите на Западот да ја дестабилизира ситуацијата на Косово наведувајќи дека тамошното раководство се чувствува неказнето со поддршката на Западот.
Грушко посочи дека истиот притисок се врши и врз Босна и Херцеговина, каде, како што рече, има „нескриен притисок врз Република Српска и обиди да им се одземат правата на српскиот народ“.
„Таквата политика го покажува лицемерното однесување на Западот, кој иако постојано тврди дека ја почитува слободата на избор, во реалноста не дозволува независните земји сами да носат одлуки“, заклучува Грушко.
Кога станува збор за членството на Украина во НАТО, Грушко рече дека Русија ќе побара цврсти гаранции, кои го исклучуваат пристапот на Украина во НАТО бидејќи таквиот потег ќе го оневозможи постигнувањето мир. „Пристапувањето на Украина во НАТО е еден од клучните елементи на можните договори за решавање на конфликтите во Украина.
Ќе бараме правни гаранции, кои би го исклучиле членството на Украина во НАТО во која било форма и ќе инсистираме тоа да стане официјална политика на алијансата“, рече Грушко, а пренесе „Тасс“.
Тој нагласи дека приклучувањето на Украина во НАТО ќе ја исклучи можноста за постигнување мир во Украина и ќе создаде пречки за формирање стабилен безбедносен систем во регионот. Грушко додаде дека, според неговите информации, „ист став имаат голем број земји од НАТО“.
Коментирајќи ја изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој посочи дека мировните преговори за Украина треба да се засноваат на одложување на приемот во НАТО, Грушко рече дека Фицо е сосема во право.
Тој укажа и на катастрофалната одлука од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога алијансата им вети на Украина и Грузија дека ќе станат членки на НАТО.
Грушко посочи дека присуството на таа формулација во документите на НАТО е неприфатливо бидејќи создава неизвесност во процесот на решавање на конфликтот во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во Хрватска бојкот поради поскапувањето: продавниците празни
Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавниците, малопродажните синџири и бензинските пумпи поради постојаното поскапување врз основа на иницијатива која почна од фејсбук-рупата „Ало, инспекторе“, а зад која стои европскиот центар за потрошувачи Excellence (ECIP), а во меѓувреме го поддржаа компаниите за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и самиот министер за економија.
Оваа иницијатива почна со пораки, кои беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена. „На 24 јануари има бојкот против високите цени на храната.
Луѓето се поканети да не купуваат ништо тој ден, ама баш ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела“, се вели, меѓу другото, во пораките.
За време на обиколката на продавниците, тамошните медиуми остварија разговор со жителите што ги посетија продавниците и покрај бојкотот.
Еден пензионер рече дека дошол само да купи весник. „Денес само тоа, а другото го намаливме затоа што на тоа нè принудија државата и трговците. Нормално, секогаш купувам леб и весници, но денес ќе купам само весници.
„Знаевме дека нема да има метеж, па ја искористивме можноста. Нема смисла да ги бојкотираме трговците. Крива е владата. Ќе ги бојкотираме за да го намалиме ДДВ“, вели жител на Сплит.
„Денес нема да купам ништо, дури ни пури на бензинска. Сè направив минимално оваа недела за да не морам и утре. Мораме да покажеме отпор, не можеме само да молчиме. Гледам кај нашите соседи, се плашам дека не можеме да бидеме толку обединети, но и се надевам дека ќе покажеме дека навистина ни е доста од се“, додава друг жител, кој бојкотира.