Контакт

Регион

Во Загреб пет лица заразени со легионела во болница, двајца во тешка состојба

Објавено пред

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загрепската клиничка болница.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, почнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима-уреди или вода.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, „азитромицин“, кинолони или „рифампицин“.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф. д-р Миливој Новак, помошник-директор за квалитет, за „Јутарњи лист“.

Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува „Н1 Загреб“.

„Тоа се пациенти што се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.

Регион

Поранешен воен полицаец уби пет лица во старски дом, шестото почина во болница

Објавено пред

Пет лица загинаа денеска во домот за стари и изнемоштени лица на улицата во Дарувар. Маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука. Пет лица загинале на самото место, а неколкумина се повредени. Уште едно лице подоцна починало во болница. По нападот, убиецот побегнал, но полицијата набргу го фатила.

dobivaj vesti na viber

Од полициската управа велат дека околу 10.10 часот добиле пријава дека машко лице со употреба на огнено оружје убил и ранил неколку лица во дом за стари и изнемоштени лица. Од таму додаваат и дека на местото на настанот се води истрага.

Убиецот е 51-годишниот Крешимир Пахоки од Долен Дарувар. Мајка му била станарка на домот.

Пахоки е пензиониран воен полицаец. Во 1996 година Фрањо Туѓман му го додели Спомен-обележјето на татковинската благодарност, кое им се доделува на хрватските граѓани за чесна и примерна служба.

По убиството со пиштол, побегнал, но полицијата го уапсила во близина на кафуле. Ги убил мајк си, жителите и вработените во домот.

Прикажи повеќе...

Регион

Полнач за мобилни телефони итно повлечен од српскиот пазар поради опасност од пожар и струен удар

Објавено пред

Полначот за мобилни телефони од брендот KONFULON, модел C 27A, денеска итно е повлечен од српскиот пазар поради опасност од пожар, информира Министерството за трговија, туризам и телекомуникации преку својата служба.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено на покриените производи, изолацијата е слаба и се деградира со текот на времето, па влагата или прашината може да навлезат во уредот. Загадувачите стануваат спроводливи и предизвикуваат ползечки струи, т.е. доаѓа до дефект на цврстата изолација, што предизвикува скокање и емисија на искри, а може да предизвика пожари и изгореници кај луѓето.

„Исто така, уредот може да се прегрее и да се допираат високонапонските делови. Корисникот може да допре дел од производот што има високо напонско ниво и да доживее струен удар“, пишуваат на веб-страницата на НЕПРО.

Имено, на веб-страницата стои дека полначот за мобилни телефони од класа II, KONFULON, модел C 27A, е наменет за употреба во затворени простории.

Куќиштето на уредот е изработено од пластичен материјал, бела боја. Уредот содржи една УСБ-излезна порта и се приклучува директно во штекерот. На куќиштето на полначот се означени следните информации: KONFULON модел: C27A влез: AC 100-240V 50/60 Hz 300mA макс. излез: DC 5.0V═3.0A CE ознака, симболи за внатрешна употреба и уреди од класа II, изработен во Кина.

Производителот е Guangzhou Konfulon Electronics CO. LTD, увозник на S mobile design од Ниш, а дистрибутер на Smile is only for you е од Ниш, пренесуваат тамошните медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Убиецот од Хрватска има 51 година: ги убил мајка си, штитениците и вработените во Домот за стари лица

Објавено пред

Пет лица се убиени утринава во домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука. Според првичните информации, на местото на настанот загинале пет лица, а на некои сѐ уште им се укажува лекарска помош.

Убиецот се обидел да побегне, но полицијата го уапсила во близина на кафуле.

Како што соопшти „Јутарњи лист“, убиецот е К. П. од Долен Дарувар, роден 1973 година, и си ја убил мајка си, како и штитениците и вработените во домот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и на министрите. Највисока нето-плата зема претседателот на Владата, Христијан Мицкоски –...

Македонија3 часа

Таравари: Вработувања во здравството ќе има, но покачување плати, да бидам искрен, тешко до крајот на годинава

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе преговара со синдикатите за нивните барања за нови колективни договори во здравството, но она...

Македонија3 часа

Пандов: Затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат, седум години не е направена контрола

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број...

Македонија5 часа

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и во Преспа

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули) спровеле вонредни заселени контроли...

Свет5 часа

„Тајм“ објави нова насловна по повлекувањето на Бајден, ѝ ја посвети на Камала

Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница по повлекувањето н Џо Бајден од трката за претседател на САД. Се чини дека...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и...

Свет6 часа

Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува тешката, но силна одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Македонија7 часа

СДСМ: Скапи билети и бизнис-класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

Според СДСМ, скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра...

Македонија7 часа

(Видео) Седум сѐ уште активни пожари во државата, во последното деноноќие имало 29, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се...

Свет7 часа

Захарова: Медиумите и политичките кругови ја криеја вистината за психичката состојба на Бајден

Истрагата за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ја криеја вистината за психичката состојба на претседателот на САД, Џо...

Свет8 часа

Трамп: Утре, расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажа од трката

Во телефонски разговор со Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година,...

Свет17 часа

Камала Харис во првата изјава по повлекувањето на Бајден вели дека „ќе ја заработи и ќе ја освои“ демократската номинација

Потпретседателката Камала Харис вети дека ќе ги обедини демократите откога Џо Бајден се повлече и ја одобри да биде стандарден...

Македонија18 часа

(Видео) ЦУК објави видео од пустошот од пожарот над Криволак: Економската штета е ниска, еколошката е голема, вели Ангелов

Повеќе од 10 пожари остануваат активни и вечерва, но ниту едно населено место не е загрозено, извести директорот на Центарот...

Свет19 часа

Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане...

Македонија20 часа

Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат...

Економија20 часа

Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании

Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група...

Економија21 час

Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците

Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес...

Топ22 часа

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка...

Култура1 ден

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот...