Контакт

Регион

Во хотел во Истанбул уапсен припадник на Исламската држава, планирал напад во градот

Објавено пред

Полицијата во Истанбул уапси маж осомничен дека е припадник на Исламската држава и дека планирал да изврши напад во овој град.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе турската државна агенција „Анадолија“, осомничениот е уапсен за време на рација во хотел во сиромашна населба во Истанбул, каде што полицијата запленила автоматска пушка и резервна муниција.

Според информациите, уапсениот планирал да изврши сензационален напад на истанбулскиот главен плоштад Таксим и во околното подрачје.

Тој илегално влегол во Турција од Сирија, пишува „Асошиетед прес“.

Ова е вторпат во текот на овој месец полицијата да пријави напади од можни милитанти на Исламската држава. Пред две недели во северозападната провинција Бурса беше уапсен маж за кого се претпоставува дека е припадник на Исламската држава и дека планирал напад на полициска станица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Комбе полно со мигранти одбило да застане и удрило во столб: најмалку 10 повредени во Хрватска

Објавено пред

Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во столб.

dobivaj vesti na viber

Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата.

Според медиумите, полициските службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот по полноќ ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички.

Тие со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го спречат за контрола, но возачот ги игнорирал полициските наредби и продолжил да вози зголемувајќи ја брзината.

За кратко време излетал од патот и удрил во столб. Повредените се пренесени во Општата болница во Славонски Брод и Нова Градишка.

Според написите, во сообраќајната несреќа се повредени 10 лица.

Полициски службеници продолжуваат со работа и вршат увиди, соопштија од полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Објавено пред

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.

dobivaj vesti na viber

Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.

Роден е на 1 ноември 1952 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“

Објавено пред

Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.

Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.

Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.

Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.

Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.

На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.

Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Израелски пратеник: Почетокот на војната со Либан е прашање на денови, предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и...

Свет47 минути

Повеќе од 20 приведени во истрагата за убиството на осумгодишно девојче во Турција: меѓу нив членови на потесното семејство

Турските власти досега приведоа 23 лица во рамки на истрагата за смртта на осумгодишното девојче Нарин Гуран во Дијарбекир, чие...

Свет14 часа

Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток...

Македонија14 часа

Поминаа три години од пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе

До денес изминаа точно три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе,...

Македонија18 часа

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот...

Култура19 часа

Почина актерката Снежана Стамеска

На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар...

Македонија20 часа

Казни за нерегистрирани производители на сирење и месо во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење...

Топ21 час

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода,...

Македонија22 часа

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на...

Македонија1 ден

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...

Македонија2 дена

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион2 дена

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ2 дена

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија2 дена

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ2 дена

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет2 дена

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија2 дена

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија2 дена

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија2 дена

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...