Регион
Во 2017-та во Србија нема да има вонредни парламентарни избори

Вонредни парламентарни избори во Србија оваа годна нема да има, пишуваа во неделата вечерта електронските медиуми во Белград.
Српскиот премиер и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, оцени дека ситуацијата во Србија „ќе биде постабилна доколку се одржат само избори за шеф на државата“, објави попладнето рускиот портал на српски јазик Sputnik повикувајќи се на извори во врвот во владејачката коалиција, предводена од СНС:
Во написот Sputnik „ексклузивно тврди“ дека „вонредни парламентарни избори нема да бидат одржани во април, заедно со претседателските“.
Како што е најавено, Вучиќ во понеделникот на јавноста „но и на политичките партнери и на ривалите“, ќе им ја соопшти својата одлука дека ќе бидат распишани само изборите за претседателот на државата.
Владејачката коалиција предводена од СНС на Вучиќ изминатите денови беше поделена по прашањето дали оваа година, истовремено со претседателските, треба да се одржат и изборите за српскиот парламент.
Таа опција, како што се дознава, биле подготвени да ја поддржат некои од коалиционите партнери на Вучиќ, партнери дури и јавно апелирајќи премиерот да влијае врз истовременото распишување и на парламентарните избори.
„Сепак, водачот на напредњаците и идниот кандидат за претседател на Србија (Александар) Вучиќ прекрши дека ситуацијата во државата ќе биде постабилна доколку се одржат само изборите за шефот на државата“, наведува Sputnik, чии сознанија ги пренесуваат и другите медиуми во Србија.
На таквата одлука претходела оцената дека „во времето на регионалните потреси, политичка криза во Босна и Херцеговина, заострувањето на состојбата на Косово и Метохија, не би било целисходно дури ни привремено да се создаде вакуум во сите водечки државни институции“, пишува Sputnik.
„Значи, доколку Вучиќ победи на претседателските избори…, тој би ја извршувал должноста на премиер, а министрите би работеле со полн капацитет, додека првиот човек на ‘напредњаците’ официјално не ја презема претседателската должност. Тогаш актуелната влада практично би паднала, а Вучиќ, доколку победи, би му го доверил мандатот“ на некој за составување на нов состав на владата којашто би го избирала актуелната Скупштина на Србија, во која доминантно мнозинство има коалицијата предводена од СНС:
Претходно во неделата лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС)кој водно е и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека „во разговор со Вучиќ“ заклучил дека постои политичка стабилност и оти затоа не се потребни нови парламентарни избори.
Дачиќ во Прокупље, на одбележувањето на годишнината на Топличкото востание против Австроунгарија и Бугарија, изјави дека најдобриот доказ за политичката стабилност на власта во Србија е тоа што „Вучиќ е кандидат за претседател на Србија“ на сите партии кои учествуваат во власта.
Мандатот на актуелниот српски претседател Томислав Николиќ, исто така од СНС, му истекува во мај годинава, а во трката за шеф на државата досега официјално се вклучија Воислав Шешељ, кандидат на Српската радикална партија (СРС), поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ, кој ја има поддршката од значителен дел на опозицијата, поранешниот шеф на српската дипломатија и поранешен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, како и водачот на конзервативното движење Двери, Бошко Обрадовиќ.
Вучиќ кој средината на февруари доби едногласна поддршка на Централниот одбор на СНС да се кандидира за претседател на претстојните претседателски избори, а по многуте нагаѓања актуелниот претседател Николиќ соопшти дека „постигнал договор“ со Вучиќ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.