Контакт

Регион

Вучиќ и Путин ќе разговараат за цената на гасот, косовското прашање и состојбата со коронавирусот

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а клучна тема на средбата ќе биде цената на гасот.

dobivaj vesti na viber

Путин и Вучиќ ќе разговараат и за „решавањето на косовското прашање, ситуацијата во регионот и светот, заедничките проекти и економската соработка“.

Во неделите пред неговото патување во Русија, Вучиќ често укажуваше на важноста на средбата со Путин наведувајќи дека најважна тема на разговор ќе биде долгорочниот договор со Русија за испорака на гас за Србија.

Вучиќ постојано повторуваше дека ќе му порача на Путин, Србија да добие поволна цена за гасот бидејќи од тоа ќе зависи економскиот развој на земјата.

Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас, а договорот меѓу „Србијагас“ и руски „Газпром“ истекува на крајот на годината, во време на екстремно високи цени на тој енергент.

Додека цената на 1.000 кубици гас на берзата надминува 1.000 долари, Србија за таа сума плаќа само 270 долари, според важечкиот договор.

Доколку Србија во иднина би плаќала 500 долари за 1.000 кубици гас, би имала директна загуба од 600 милиони евра годишно, изјави Вучиќ вчера во Белград.

Вучиќ синоќа, по пристигнувањето во Сочи, рече дека ќе биде сам во просторијата со Путин за да се сведе на минимум можноста за заразување од коронавирусот.

Кремљ вчера објави дека двајцата лидери ќе разговараат за повеќе теми, меѓу кои и за изгледите за решавање на косовскиот проблем.

„Планирано е да се допрат важни прашања од руско-српското стратешко партнерство во политичката, трговската, економската, културната и во хуманитарната сфера и да се разменат мислења за состојбите на Балканот, вклучително и изгледите за решавање на косовското прашање“, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Путин и Вучиќ ќе разговараат за меѓународните прашања, борбата против коронавирусот, соработката меѓу двете земји и цената на гасот за Србија. Тој изјави дека тоа ќе бидат „многу важни разговори со сојузник и пријател на Русија“.

Регион

(Видео) Фрлени димни бомби врз Владата во Косово во знак на протест против договорот од Охрид

Објавено пред

Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа димни бомби околу зградата на Владата во Приштина, незадоволни од Охридскиот договор од минатата недела, со кој беше предвидено формирање на Заедница на српски општини.

dobivaj vesti na viber

Неколку стотици симпатизери на оваа партија, формирани од незадоволните функционери на движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти, прво организираа протестна прошетка покрај централното шеталиште во Приштина, за да се соберат околу зградата на Владата, објави РТС.

Барајќи оставка од премиерот Курти, тие ги тргнаа сино-жолтите знамиња со територијата на Косово од јарболот на влезот во владината зграда, а на нивно место закачија бели знамиња, покажувајќи дека, според нив, Курти се предал кога стигнал договор во Охрид.

Полицијата го обезбедуваше влезот на владината зграда. За време на протестот немаше други инциденти.

Иако се против Охридскиот договор, и покрај поканата за приклучување, опозициските партии и нивните активисти не присуствуваа на протестот.

Прикажи повеќе...

Регион

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Објавено пред

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот – објави српската царина на својот Инстаграм профил.

dobivaj vesti na viber

На фотографијата се гледа жена, која го крие лицето, како седи свиткана под хаубата на возило.

Вистинско чудо е како успеала да се сокрие во тој дел од автомобилот, но чудо е и што цариниците ја откриле.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајца пациенти умреле чекајќи кревет во загрепска болница

Објавено пред

Двајца пациенти починаа во слични околности, оставени да лежат на транспортни колички во чекалната на ургентното одделение на Клиничката болница Свети Дух во Загреб, пишува Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

Едниот пациент бил пронајден мртов во чекалната од членовите на семејството, другиот од припадниците на брзата помош.

Како што дознава Индекс, и двајцата пациенти биле примени во итната медицинска помош и биле ставени во лежечки транспортни колички и оставени во чекалната. Причината поради која биле во чекалната е тоа што немало слободен кревет.

Првиот случај се случил ноќта на 20/21. февруари. Како што дознава Индекс, станува збор за пациент кој бил оставен во чекалната и кој утрото бил пронајден мртов од членовите на неговото семејство.

Неколку дена подоцна сличен исход се случи со друг пациент. Откако му била укажана лекарска помош, по пациентот била повикана брза помош и тој чекал во чекалната. Вработените во медицинскиот транспорт го пронашле пациентот мртов. Во двата случаи смртта на пациентите најпрво ја забележале надворешни лица, односно семејството на починатиот и вработените во медицинскиот транспорт, а дури потоа персоналот во болницата.

Од болницата за Индекс.хр ги потврдуваат случаите. Велат дека немало лекарска грешка.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет12 часа

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет13 часа

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ15 часа

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ16 часа

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија16 часа

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија17 часа

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...

Македонија18 часа

СДСМ е уверен дека сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат уставните измени

Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега, реагира СДСМ по обвинувањата...

Македонија19 часа

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот за обид...

Македонија19 часа

Дали Ковачевски на состанок барал од пратениците потпис за уставните измени? – Митева тврди дека во партијата е тензично

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ не можеле да ја контролираат пратеничката група...

Македонија20 часа

„Огнените“ објавија листа на разрешени функционери од ДУИ, тврдат дека ги разрешил Груби

Возот на Артан Груби и директната закана за политичка елиминација на сите што мислат поинаку во ДУИ, беше изведен на...

Македонија22 часа

Хајредини до Агелер: Прашајте во Њујорк кои политичари од Македонија примиле милиони евра мито од Дојче Телеком

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на „Фејсбук“ ја повика американската амбасадорка Анџела Агелер да обелодени информации во врска со...

Свет22 часа

(Видео) Макрон кришум си го извади скапиот часовник додека зборуваше за работничкиот минималец

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред неколку дена ја бранеше својата пензиска реформа на францускиот ТВ канал ТФ1, каде се обиде...

Македонија23 часа

Часовникот се поместува вечерва, почнува летно сметање на времето

Со поместување еден час нанапред во недела рано наутро започнува летното сметање на времето кое ќе трае до 29 октомври....

Македонија1 ден

Затруениот битолчанец може да има последици, се проверува дали во кафулето испил детергент за садови наместо кисела вода

Во стабилна состојба е битолчанецот кој во кафуле побарал кисела вода, а се сомнева дека му донеле и испил детергент...

Македонија2 дена

Заврши инспекцискиот надзор во битолската болница: Петгодишната Јана примала глукоза, нема констатирани пропусти во лекувањето

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната...

Македонија2 дена

Апелација одлучи за „Плацови на Водно“: Мијалков ослободен од затвор, Груевски треба да издржи девет години

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот познат како „Плацови на Водно“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во...

Топ2 дена

(Видео) Запленети четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Полицијата спречила транспорт на речиси 35 килограми дрога, а во врска со настанот уапсени се две лица од скопско Арачиново....

Македонија2 дена

Побарал кисела вода, а добил корозивно средство – битолчанец заврши со труење на Токсикологија

45-годишен битолчанец пред два дена завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба. Пациентот, според првичните информации, тврдел...

Македонија2 дена

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој парламент нема мандат да го менува Уставот

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од...