Контакт

Регион

Вучиќ одби да му каже на Си-ен-ен дали го поддржува Новак Ѓоковиќ кога пишува „Косово е срцето на Србија“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на гостувањето на Си-ен-ен одби да каже дали го поддржува ставот на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ дека „Косово е срцето на Србија“. Одговарајќи на прашањето на Кристијан Аманпур, Вучиќ рече дека „верува дека Ѓоковиќ зборува од срце“, но дека политичарите мора да бидат прагматични.

На прашањето на водителот дали го поддржува ставот на Новак Ѓоковиќ дека „Косово е срцето на Србија“, истакнувајќи дека токму тоа го напишал најдобриот тенисер на сите времиња, заедно со пораката „Стоп за насилството“, по еден меч на „Ролан Гарос“, Вучиќ одби директно да одговори.

Тој рече дека верува оти Новак Ѓоковиќ зборува од срце и дека 99 отсто од луѓето во Србија веруваат во тоа.

„Ние политичарите мора да бидеме прагматични, рационални, а тоа значи дека треба да најдеме решенија преку преговори, конструктивен пристап. Мораме да видиме како ќе се справиме со сите проблеми поради иднината затоа што треба да се погрижиме повеќе да не страдаат ниту Албанците ниту Србите и да видиме како можеме да ги надминеме овие тешкотии и како можеме да имаме подобра иднина, со отворени граници, административни линии, за да имаме подобра економска соработка и да ги зближиме нашите народи. Тоа е вистинско прашање“, изјави Вучиќ.

Новинарот на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, за време на интервјуто го потсети српскиот претседател Александар Вучиќ на неговата изјава по преговорите во Охрид кога рече дека не го потпишал договорот затоа што „има болки во десната рака“ и дека ќе го боли следните четири години.

„Ја ценам вашата објективност, сакам да кажам дека можеби не следевте што зборуваше ЕУ по нашата последна средба. ЕУ тогаш јавно рече дека Србија е целосно конструктивна“, рече Вучиќ и додаде дека за тоа зборувале европските претставници Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Тој рече дека прави „сè што рече дека ќе направи“.

„Направив сè што им кажав на нашите пријатели од САД и ЕУ дека ќе направам, но постои српски Устав и морам да го почитувам. Ништо не криев во нивно присуство“, изјави Вучиќ за преговорите со Приштина.

Тој оцени дека мирот е во најдобар интерес на Србија и на целиот регион.

Вучиќ за време на гостувањето ги обвини и косовските власти за „постепено етничко чистење“ на северот на Косово, а водителката изјави дека ЕУ и САД не се согласуваат со таа процена.

„Прават етничко чистење, во последните две години бројот на Срби на Косово е намален, сега има 10 отсто помалку“, рече Вучиќ.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет3 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава3 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава3 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија3 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија4 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...