Регион
Грција ја одобри вакцината на „Астра зенека“ за лица до 64 години

Употребата на вакцината на „Астра зенека“ за лица до 64 години е одобрена во Грција.
Претседателот на Националниот одбор за вакцинација, Марија Теодориду, рече дека сите постојни податоци во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината развиени од Универзитетот „Оксфорд“ и „Астра зенека“ биле разгледани на состанокот на тоа тело, пренесе агенцијата АНА.
Одборот верува дека вакцината на „Астра зенека“ има добри резултати во однос на безбедноста и способноста да создаде имунитет и дека е многу ефикасна, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради слабиот одѕив

Бугари од сите возрасти, некои на возраст од 20 години, чекаат во долги редици пред болниците откако владата дозволи да се вакцинираат сите граѓани, бидејќи се пријавиле малкумина од приоритетните групи. Помалку од една третина од луѓето од приоритетните групи одлучиле да се вакцинираат.
Бугарската влада затоа објави дека некои болници ќе почнат да ја даваат вакцината на „Астразенека“ на секој што сака.
Одлуката за откажување на списоците со приоритети е донесена откако земјата забележа најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, главно поради загриженоста на граѓаните за несакани ефекти и растечката недоверба кон владата и нејзините институции.
Во две одделни истражувања објавени минатата недела од институтите „Галуп“ и „Алфа рисерч“, 48 и 52 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да се вакцинираат.
Регион
Во БиХ голем скок на бројот на заразени од коронавирус

Во Босна и Херцеговина има голем скок на новоинфицирани од коронавирус, соопштуваат официјалните власти.
Според податоците на Заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата БиХ, и тоа: 202 од Република Српска и 18 од областа Брчко.
Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и, според нив, тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.
Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.
Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да има до 25 лица.
На инспекциските служби и на полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.
Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини против коронавирусот, пишуваат медиумите. Додаваат дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот „Ковакс“.
Регион
Во Србија 3.588 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.
Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи в петок.
Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер