Контакт

Регион

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Објавено пред

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови Крит и Санторини, и дека два пати поминал низ Грција.

Во март, во 2016 година, Тарант дошол во Грција од Истанбул и поминал неколку дена на Крит, во местото Хераклион и на островот Санторини.

Тарант, истотака, според наводите на полицијата, поминал транзитно низ Грција истатата година на 29 ноември и 10 декември.

Полицијата ги истражува сите телефонски повици што Тарант ги остварил додека престојувал во Грција.

Терористот од Нов Зеланд прошетал голем дел од Европа, а од она што засега е познато освен во Грција, од балканските земји престојувал и во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија. Властите од Унгарија и Турција исто потврдија дека Тарант бил во овие земји помеѓу 2016 и 2018 година.

Во нападот во двете џамии во Крајстчерч во петокот беа убиени 50 лица, а повеќе од 30 се повредени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Аеродромот во Сплит затворен поради дрон

Објавено пред

Аеродромот во Сплит бил затворен половина час поради дрон, па два авиона биле пренасочени кон Задар, а другите кружеле над Сплит, објави „Слободна Далмација”

Дронот кој го попречил воздушниот сообраќај довел до затворање на аеродромот во периодот помеѓу 12:42 и 13:16 часот.

Според неофицијални сознанија на весникот, два авиона биле пренасочени на аеродромот во Задар, додека другите авиони кружеле над Сплит додека не добиле дозвола за слетување.

Сплитската полиција потврди дека воздушниот сообраќај бил запрен половина час, а полицијата сè уште е на терен во реонот околу аеродромот во потрага по сопственикот на дронот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грабар-Китаровиќ: Изјавата за мигрантите е извадена од контекст

Објавено пред

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ остро го отфрли обидот за, како што вели, погрешно толкување и вадење од контекст на изјавата во врска со заштитата на хрватските граници од илегални миграции.

„Сакам да истакнам дека хрватската полиција во спроведувањето на активностите за надзор на државната граница, со тоа и границите на ЕУ, во спречувањето на нелегалната миграција, постапува законски, професионално и хумано, а средствата за присила кон прекршителите на законот ги применува во најмала можна мера која е неопходна за заштита на безбедноста на полициските службеници и за извршување на нивните задачи“, рекле од канцеларијата на хрватската претседателка за „Индекс.хр“.

„Ова се факти кои ниту една игра на зборови, погрешни преводи или извадени од контекст делови од изјави не можат и нема да ги променат“, се вели во одговорот од канцеларијата.

Претходно медиумите објавија дека Грабар-Китаровиќ рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека потребно е малку насилство при спроведувањето потиснување.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчките метеоролози со вонредно предупредување за опасност од ново невреме

Објавено пред

Постои опасност Грција да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, а на некои места и град, силен ветер и бура, предупреди тамошната метеоролошка служба во вонредно известување.

Метеоролозите соопштуваат дека во попладневните часови постои можност невремето да ги зафати Јонското Море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата.

Во деловите каде што се најавува невремето, на готовс за брза интервенција се пожарникари со службени возила, а дополнително известени се и сите надлежни државни служби.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа38 минути

Урсула Фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула Фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет48 минути

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија3 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа5 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија5 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија5 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт5 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија7 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија9 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет10 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет10 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион10 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет11 час

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија12 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа12 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија20 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија21 час

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија22 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија22 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Досие