Регион
Дачиќ вели дека САД ја сакаат Србија како клучен партнер: Но, има еден услов

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, посочи дека САД се стремат да бидат клучен партнер на Србија, но дека услов за тоа е официјален Белград да се согласи со нивниот став за Косово, пренесува „Косово онлајн“.
Дачиќ смета дека водењето на земјата во таа насока би предизвикало големо незадоволство кај граѓаните на Србија, пренесува „Косово онлајн“.
„Не е спорно дека САД сакаат да бидеме нивни клучен партнер, но под услов да се согласиме со нивниот став за Косово. Ни велат да не зборуваме за минатото и треба да кажеме во ред. Ако Вучиќ каже дека нема да се занимаваме со Косово, ќе го признаеме, ќе го пуштиме во ОН и ќе бидеме лидер. А нашите ќе нѐ проколнуваа“, изјави Дачиќ за српски „Курир“.
Тој изјави дека Западот нема механизми за притисок врз косовскиот премиер Аљбин Курти, а има да се истражуваат изборите во Србија.
Тој се осврна и на односот со опозицијата и нивните средби со европските претставници и нагласи дека таквото однесување ѝ штети на Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.