Регион
Два послаби потреси кај Петриња и Сисак

Два послаби земјотреси утрово го потресоа регионот кај Петриња и Сисак.
Првиот, неколку минути пред осум часот утрово, беше 2,6 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 17 километри северозападно од Сисак, објави Индекс.хр.
По неколку минути се почувствува уште еден земјотрес, а како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, неговата јачина била 2,7 степени по Рихтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во БиХ голем скок на бројот на заразени од коронавирус

Во Босна и Херцеговина има голем скок на новоинфицирани од коронавирус, соопштуваат официјалните власти.
Според податоците на Заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата БиХ, и тоа: 202 од Република Српска и 18 од областа Брчко.
Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и, според нив, тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.
Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.
Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да има до 25 лица.
На инспекциските служби и на полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.
Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини против коронавирусот, пишуваат медиумите. Додаваат дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот „Ковакс“.
Регион
Во Србија 3.588 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.
Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи в петок.
Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.
Регион
Мицотакис: Целта е во 2021 година да достигнеме 50 проценти од туризмот во 2019 година

Во разговор за германски „Зидојче цајтунг“, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изрази очекувања дека туристичката сезона во 2021 година ќе биде многу подобра од минатата година и дека се надева дека до мај сите граѓани над 60 години, како и оние со придружни болести ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, пренесува АНА.
„Нашата цел е да достигнеме најмалку 50 проценти од нивото во 2019 година“, истакна грчкиот премиер за време на интервјуто, наведува агенцијата.
АНА пренесува дека Мицотакис изразил уверување за германските весници дека кампањата за имунизација во Грција, наречена операција „Слобода“, ќе обезбеди сите граѓани на возраст над 60 години, како и сите со основни болести да бидат вакцинирани до мај.
„Зидојче цајтунг“ оцени дека грчкиот премиер се обидува да го олесни патувањето во Европската Унија и особено ја истакна иницијативата на Мицотакис за воведување на стандарден сертификат за вакцинација за патувања во рамките на ЕУ, според агенцијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер