Контакт

Регион

Додик: Неприфатливи се изјавите за обединување на Косово и Албанија

Објавено пред

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, во Тирана, каде што учествува на самитот на процесот Брдо – Бриони, рече дека изјавите на првите луѓе на Албанија и Косово за национално обединување и отворање на границите се неприфатливи бидејќи ги загрозуваат разговорите и не придонесуваат за решавање на отворените прашања.

Одговарајќи на новинарски прашања, Додик рече дека и српскиот претседател, Александар Вучиќ, и тој исто така можеле да одржат состанок за национално обединување како што тоа го сториле албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи и запраша како меѓународната заедница тогаш би реагирала.

Додик рече дека босанскохерцеговскиот ентитет на Република Српска (РС) ја поддржува Србија кога станува збор за Косово и дека води сметка да не долева масло на огнот.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, вчера објави на „Фејсбук“ дека во Тирана разговарал со албанскиот премиер, Еди Рама, за потребата од целосно отворањето на границите меѓу Косово и Албанија и формирање албански простор, без граници, под евро-атлантско покровителство.

Регион

Избрана новата српска Влада

Објавено пред

Изгласана е новата Влада на Република Србија. „За“ гласаа 227 пратеници во Собранието на Србија, додека петмина беа „против“. Немаше воздржани, јавува „Б92“.

Утрово, мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ги претстави членовите на кабинетот, а како што најави претседателот на републичкиот парламент, Ивица Дачиќ, гласањето се одржа околу 20 часот.

Предлогот за состав на новата влада пристигна во Собранието на Србија во вторникот, а потоа имаше повеќе сомнежи во јавноста, како на пример прашањето кој ќе биде новиот министер за образование и кој ќе биде министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 301 новозаболен од коронавирус, седум лица починале

Објавено пред

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 301 новозаболен од коронавирус и седум смртни случаи.

Тестирани се 793 лица. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје др. Милко Јоксимовиќ претходно денес изјави дека поради недостаток на материјал, 2.500 примероци чекаат на тестирање.

Најмногу заразени има во Подгорица – 162.

Од почетокот на јуни, 273 лица починале од последиците на коронавирусот, а од почетокот на годината 282 пациенти.

Во последните 24 часа оздравеле 234 пациенти.

Во моментов, активни се 3.625 случаи на коронавирус, а од март се регистрирани вкупно 17.392 заболени лица, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов црн рекорд во Грција, регистрирани уште 1.547 заразени со коронавирус

Објавено пред

Во Грција се потврдени рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи е 603, соопшти денеска Националната служба за јавно здравје.

На респиратори има 108 пациенти, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Од почетокот на пандемијата во Грција, 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Маските стануваат задолжителни на отворено, Собранието ги изгласа законските измени

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија6 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија6 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија8 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет9 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ утре на протести поради загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ повика утре на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Протестот во...

Македонија12 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија13 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија13 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија14 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија14 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија14 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија15 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет16 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија17 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет17 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија19 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет19 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет19 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет19 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Досие