Контакт

Регион

Докторка бара да се затвори ковчегот на Амфилохие

Објавено пред

Лекарката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза.

„ Не знам колку сте моќни, но знам дека сте обврзани да се однесувате кон сите нас, граѓаните на Црна Гора, како еднакви во секое време, затоа што сте претседател на НКТ, изјави Павличиќ, пренесува РСЕ.

Лекарката вели дека секој треба да биде погребан според истите правила, „а не да се прават настани и промоции за лидери на други земји“.

„ Сопругот на моја пријателка беше изнесен од Клиничкиот центар во пластична кеса и таа имаше 15 минути да се збогува, таа и нејзините две деца, со починатиот кој имал 57 години. Родителите не можеле да го видат своето дете“, нагласи Павличиќ.

Ковчегот со посмртните останки на митрополитот вчера беше предаден во Подгорица и е изложен во Црквата Христово воскресение, каде што минаа голем број граѓани за да му оддадат почит.

Телото на митрополитот ќе биде во Храмот до погребот, а цело време граѓаните што сакаат да се збогуваат од Амфилохие ќе можат да го сторат тоа во поворка.

Амфилохие почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица на 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош поради компликации поврзани со Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција: 1.747 новоинфицирани, починаа уште 121 заразен со Ковид-19

Објавено пред

Во Грција, коронавирусот е потврден кај уште 1.747 лица, додека 121 пациент починале како резултат на болеста, пренесува агенцијата АНА.

Во моментов има 606 пациенти на апарати за дишење.Меѓу новите случаи, двајца се потврдени на граничните премини.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 103.034 случаи на Ковид-19, а досега починале 2.223 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Амбасадорот на Црна Гора прогласeн за персона нон грата во Србија

Објавено пред

Српското Министерство за надворешни работи објави дека го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.

„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.

Во дипломатската нота се наведува дека врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.

Прикажи повеќе...

Регион

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Објавено пред

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави европратеникот и еден од најголемите поддржувачи за пристапување на РС Македонија во ЕУ, Андреј Ковачев.  Причината за неговиот коментар, според написот е „хистеричната изјава на Мицкоски дека Македонија ќе биде распарчена во Софија викендов“.

„Христијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички поени со измислиците. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост“, рече Ковачев.

Тој потсети дека во 2001 година Бугарија стоеше цврсто зад Македонија, поддржувајќи го нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

„Бугарија е една од првите земји којашто го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО со цел Македонија да биде геостратешки и политички во евро-атлантската заедница и заштитена. Бугарија подава, пружа и секогаш ќе пружи рака за братска помош на своите најблиски“, рече европратеникот од Европската народна партија.

Ковачев повтори дека Софија во никој случај не го доведува во прашање современиот македонски идентитет. „Никогаш не сме го довеле во прашање тоа. Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за да не не раздели и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето. Ова е длабоко европско барање, тоа е основа на Европската Унија“, рече тој.

Според него, ништо не е изложено на ризик. „Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамe Груев од Македонија, бидејќи тоа е заедничка историја. Тоа е заедничка, но не е поделена како што сака Мицкоски. Тој директно се изјасни против Договорот со Бугарија и Грција, за да не се почитуваат. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани“, нагласи Ковачев и додава: „Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, не можеме да не го покренеме ова прашање заради неговите повици против Бугарија и да не се почитуваат договорите“.

Ковачев е крајно изненаден од зборовите на Мицкоски, кој е лидер на партијата која го носи името ВМРО.

„Ова е фарса, не може да биде водач на партија кој тврди дека го започнала своето постоење во 1893 година и да биде наследник на БМОРК, ВМОРО и ВМРО, а во исто време да проповеда се што е против организацијата и нештата за кои оваа историска организација се борела во текот на своето постоење, кога нејзини водачи беа Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михаилов и други“, рече бугарскиот европратеник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет5 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија6 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија7 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион7 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа8 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион10 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија11 час

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт13 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа14 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија15 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет16 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет17 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија17 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет1 ден

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Досие