Регион
Драма во Печинци: ученик удрил друг ученик со ѓуле во главата

Страшен инцидент се случил во основното училиште „Слободан Пајиќ-Баја“ во Печинци.
Имено, на час по физичко ученик удрил постар ученик во главата со метална топка за фрлање.
Според медиумите, инцидентот се случил во понеделникот, а повредениот ученик веднаш бил пренесен во Белград на Детската клиника, каде што во вторникот бил опериран и сега е добро.
Загрижените родители на учениците што го посетуваат ова училиште по изјавите за тамошните медиуми, рекле дека паралелките од постарите ученици имале час по физичко воспитување тој ден во попладневната смена кога фрлале ѓуле.
„Едно момче ја фрли топката, а другото момче одеднаш се најде пред него и случајно го удри со топката во главата. Децата беа преплашени и загрижени, а момчето итно беше пренесено во болница, каде што подоцна беше оперирано бидејќи имало тешка фрактура на черепот. Не знаеме дали ќе има последици врз неговото здравје и продолжување на образованието“, вели еден родител.
Тој посочува дека сите родители на децата кои го посетуваат тоа училиште ги интересира како се случил овој немил настан и дали Министерството за образование ќе ја преиспита одговорноста на училиштето по настанот.
Мајката на повреденото момче за српски медиум потврдила дека несреќата се случила во понеделникот.
„Мојот син беше опериран и сега е добро, фала богу. Тоа е единственото нешто што ми е важно, не знам детали, децата што беа таму најдобро знаат што се случило“, изјавила мајката на повредениот основец.
Од Детската Клиника во Белград потврдиле дека момчето од Печинци е оперирано и дека е во стабилна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: „Пред ОН ќе ги кажам фактите и вистината, нема да им се допадне тоа“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека принципите на меѓународното јавно право и Косово и Метохија ќе бидат главни теми на говорот што утре ќе го одржи пред Обединетите нации.
Тој истакна и дека не е сигурен дека некому ќе му се допадне неговиот говор.
„Како некој што долго време се занимава со оваа работа и е ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Ќе биде по пет часот по српско време“, изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк.
Тој рече дека ќе ги каже фактите и вистината. „Верувам дека тоа нема да им се допадне на многу луѓе“, додаде тој.
Посочи и дека при изборот на факти и вистина, од една страна, и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.
„Не сум сигурен дека тоа некому ќе му се допадне поради општото лицемерство во светот. И за тоа ќе зборувам. Сите се повикуваа на принципи што постојат ако ги усвоите и ги применувате во секоја ситуација, а не тогаш кога вам ви одговара“, рече Вучиќ.
Според Вучиќ, ако територијалниот интегритет е највисок принцип во меѓународното право, тогаш како се кршат Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244.
„Тука нема принципи. Бараме и овде да важи она што се почитува во Украина, а тоа е територијалниот интегритет на Србија“, рече Вучиќ и истакна дека само за Србија се спротивни принципи.
Регион
(Видео) Во основно училиште во Белград избувна пожар, евакуирани се деца кои тренирале

Во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Видиковац вечерва околу 21 часот избувна пожар.
Многу пожарникари брзо пристигнале на местото на настанот.
Според неофицијални информации, причина за пожарот е неисправна инсталација.
View this post on Instagram
Во училиштето тогаш немало ученици, но имало деца кои тренираат и го користат училиштето, со нивни родители, а според информациите сите навреме ја напуштиле зградата.
Регион
Рускиот амбасадор во ОН се скара со Рама зошто му дозволил на Зеленски да одржи говор

Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната во Украина, се скара со рускиот амбасадор зошто прв зборувал украинскиот претседател.
Рама прво објасни дека темата е војната во Украина и оти тоа е причината, дека е така според правилата.
– Сакаме да ве прашаме – врз основа на што решивте да му дадете збор на претседателот на Украина Володимир Зеленски пред да зборуваат членовите на Советот за безбедност, од кои многумина се претставени овде на ниво на претседател и премиер?, праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.
– Морам да кажам, кога целата оваа лекција за кршење на правилата во оваа зграда доаѓа од вас, тоа навистина е импресивно. Но бидејќи неколку пати повторивте дека прекршувањето е тоа што претседателот Зеленски зборува пред да зборуваат членовите на Советот, имам решение за тоа, ако се согласувате. Вие запрете ја војната и претседателот Зеленски нема да зборува. Она што него го направи овде важен и зошто е важно прво него да го слушнеме па потоа да разговараме, за тоа сте заслужни вие, а не ние, му одговори Еди Рама.