Европа
Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во Сребреница

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во Сребреница од јули 1995 година во граѓанската војна во Босна и Херцеговина во екот на жестокиот дипломатски според околу забраната за настапи на турските политичари во оваа земја, како и други западноевропски држави, во кампањата за референдумот од 16-ти април на кој треба да се усвојат уставни реформи коишто би ги зголемиле овластувањата на шефот на турската држава.
„Холандија и Холанѓаните ги познаваме по масакрот во Сребреница“, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара обвинувајќи ја Холандија за колежот на 8.000 бошњачки (муслимански) мажи и момчиња.
Холандскиот премиер на заминување Марк Руте веднаш ги опиша ваквите обвинувања од турска страна како „лажирање“ на историјата.
За масакрот во Сребреница се обвинети силите на босанските Срби и нивниот главен командант генералот Ратко Младиќ. Таа енклава во 1995 година беше од заштита на холандските припадници на мировните сили на Обединетите нации. Меѓутоа, не реагирале на нападот на српските сили, и стоеле резервирано, за што и порано беа критикувани.
Ердоган ја даде оваа изјава откако Анкара претходно ги одби повиците на Европската унија за смирување на дипломатскиот спор, соопштувајќи дека изјавите коишто доаѓаат од Брисел „немаат никаква важност“ за нив.
Европската комисија бараше од Турција „да ја смири ситуацијата“, откако холандските власти во саботата им забранија на двајца турски министри да учествуваа на собирот во турскиот конзулат во Ротердам. Турската влада возврати нарекувајќи ги ставовите на ЕУ „некоректни“ и „кусогледи“.
Турскиот претседател во понеделникот ѝ се закани на Холандија со дипломатски санкции нарекувајќи ја „остаток на нацизмот и фашизмот“. Порача дека поради забраната на за турските министри да учествуваат на собирите на дијаспората, ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права. Вечерта во понеделникот Анкара порача дека амбасадорот на холандскиот амбасадор нема да му биде дозволено да се врати. Холандскиот амбасадор во моментов се наоѓа надвор од Турција, а неговата функција ја извршува вршител на должноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
47-метарската кула на Болоња е затворена бидејќи може да се урне

Средновековната кула Гарисенда во италијанскиот град Болоња, која е наведната исто како и онаа во Пиза, е затворена поради страв дека може да се урне, јавува Би-би-си.
Властите почнаа да градат бариера висока пет метри околу кулата Гарисенда од 12 век за да ги задржи остатоците во случај кулата да падне. Кулата висока 47 метри се наведнува под агол од четири степени, а неодамна беа откриени поместувања во насока на навалувањето.
Градскиот совет на Болоња соопшти дека ситуацијата е „многу критична“.
Локацијата првпат беше затворена во октомври, откако сензорите открија промени во наклонот на Гарисенда, а инспекциите открија влошени материјали што ја сочинуваат нејзината основа и дека кулата е полна со пукнатини.
Советот започна, како што го нарече, план за цивилна заштита за зачувување на кулата. Се вели дека бариерата, покрај тоа што содржи остатоци, ќе ги заштити околните згради и луѓето во случај на уривање.
Се наведува дека околу кулата ќе бидат поставени и метални мрежи против карпи. Изградбата на бариерата ќе заврши на почетокот на следната година, додека кулата и плоштадот под неа се очекува да останат затворени неколку години додека се реновира.
Градот проценува дека само бариерата ќе чини 4,3 милиони евра и почна заедничка финансиска кампања за плаќање на реновирањето.
Проектот е наречен „извонреден предизвик“ кој ќе бара „посветеност на целиот град и на оние ширум светот кои ја сакаат Болоња и еден од нејзините најважни симболи“.
Европа
Шојгу зборуваше за украинската контраофанзива: Изгубија повеќе од 125.000 луѓе

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека загубите на Украина во изминатите шест месеци за време на контраофанзивата надминале 125.000 луѓе и 16.000 оружје.
За време на состанокот со раководството на руските вооружени сили, Шојгу рече дека борбените способности на украинските војници се значително намалени, пренесува „Интерфакс“.
Според Шојгу, руските војници ќе продолжат да спроведуваат активна одбрана и да го зголемуваат својот борбен потенцијал земајќи го предвид искуството стекнато во специјалната операција во Украина.
Рускиот министер за одбрана најави дека следната година Русија ќе ја одржи стратешката командно-штабна вежба „Океан-2024“ со учество на сите гранки на армијата.
Европа
(Видео) Хеликоптер се урна на обиколница во Мадрид, неколку повредени

Хеликоптер утрово се урна на обиколницата во Мадрид, јавува шпанската агенција „Ефе“.
🚨#ÚltimaHora: el helicóptero Enstrom 280FX Shark con matrícula F-HPUX que participaba en la feria European Rotors que se estaba llevando a cabo en Ifema se ha estrellado en la M40 de Madrid poco después de despegar. El helicóptero ha caído en el punto kilométrico 5.600 del… pic.twitter.com/YVgVkgcCbZ
— On The Wings of Aviation (@OnAviation) December 1, 2023
Неколку лица се полесно повредени во несреќата, објави весникот „Мундо“ прикажувајќи фотографии од остатоци во близина на столбот на мостот на автопатот.
Службите за итни случаи на Мадрид не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ за дополнителни информации.