Регион
Италија испраќа уште 49 мигранти во Албанија врз основа на договор со Тирана

Брод на италијанската морнарица денеска пристигна во Албанија со 49 мигранти пресретнати во меѓународните води, кои бараат азил и сместување во специјални албански мигрантски центри, според контроверзниот договор меѓу Италија и Албанија.
Ова е трет обид да се испратат мигранти во Албанија според тој договор откога се појавија пречки во италијанските судови поради претходните обиди.
Италијанското Министерство за внатрешни работи не ја прецизира националноста на мигрантите донесени во Шенѓин, кој се наоѓа на 66 километри северозападно од главниот град Тирана, но италијанските медиуми објавија дека тие се од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и од Гамбија.
Новиот обид за обработка на мигранти во Албанија следува по двата претходни неуспешни обида во октомври и ноември кога италијанските судии одбија да одобрат притвор на две мали групи мигранти во албанските центри, договорен според контроверзниот договор меѓу Италија и Албанија.
Судовите одлучија дека земјите на потекло на овие мигранти не се доволно безбедни за овие центри да одлучат да ги вратат кај нив.
Случаите се упатени до Европскиот суд на правдата, кој претходно пресуди дека барањата за азил не може да бидат предмет на забрзана постапка, што може да доведе до враќање на мигрантите во земјите на потекло, кои не се сметаат за целосно безбедни. Европскиот суд на правдата треба да го разгледа случајот на 25 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.