Контакт

Регион

Итно предупредување за пожари во Грција: Поради високите температури во опасност се пет региони

Објавено пред

Поради комбинацијата на силен ветер и високи температури во интервал од 35-40 Целзиусови степени во многу делови на Грција, денеска предупредувањето за пожар е подигнато на ниво четири од максимални пет.

Во својот дневен билтен во вторникот, Противпожарната служба прогласи четврто ниво на предупредување во пет региони: Атика (вклучувајќи го островот Китера), Западна Грција (вклучувајќи ги Ахаја и Илија на Пелопонез), Северен Егеј (се советува посебна внимателност на островите Лезбос и Хиос) и во континентална Грција (особено Виотија, Евија, Фокид и Фтиотис), пренесува грчкиот портал Катимерини.

Предупредување од Ниво 4 значи ограничувања за палење растителни остатоци или други остатоци, готвење на отворен оган, користење машини кои произведуваат искри и други слични активности кои ненамерно може да предизвикаат пожар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсени 10 лица по нападот во Истанбул, еден поврзан со ИСИЛ

Објавено пред

Турските власти уапсија десет лица поради сомнение за поврзаност со вооружениот напад во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, пренесе Ројтерс.

Во престрелка со полицијата, еден напаѓач бил убиен, а двајца ранети и приведени, додека уште осум лица биле уапсени во акции во Истанбул и во покраината Коџаели.

Мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек.

Според турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, напаѓачите биле поврзани со група која „ја злоупотребува верата“.

Еден од напаѓачите, идентификуван како Јунус Емре Шарбан, претходно бил поврзан со финансиски мрежи на Исламска држава, поради што во 2021 година му била замрзната имотот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Објавено пред

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката денеска, соопшти владата.

Овој потег се приклучува на растечкиот број европски земји кои сакаат да го ограничат пристапот до онлајн платформи за малолетници, објави Ројтерс.

Словенија, Обединетото Кралство, Австрија и Шпанија исто така работат на слични забрани. Тие го следат примерот на Австралија, која стана првата земја во светот што го блокираше пристапот до социјалните медиуми за деца под 16 години.

Потегот доаѓа во услови на растечка загриженост за влијанието на социјалните медиуми врз менталното здравје на младите луѓе, вклучувајќи зависност, анксиозност, депресија и изложеност на штетна содржина. Експертите, исто така, предупредуваат на ризици како што се сајбер малтретирање и злоупотреба на лични податоци.

Во исто време, критичарите предупредуваат дека целосните забрани би можеле да бидат тешки за спроведување и би можеле да ги охрабрат децата да ги заобиколат правилата користејќи сметки на други луѓе или лажни информации. Некои се залагаат за построга регулација на содржината и поголема одговорност за платформите.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција ослободува резерви: 2 милиони барели за стабилизација на пазарот

Објавено пред

Грција ќе ослободи 2 милиони барели гориво од стратешките резерви, како дел од координирана акција на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која предвидува ослободување на вкупно 400 милиони барели, објави „Катимерини“.

Станува збор за прв ваков потег на Грција, оценет како историски. Ослободувањето ќе опфати бензин, дизел и мазут и ќе се спроведува постепено во текот на три месеци.

Властите нагласуваат дека мерката не е поради домашен недостиг, туку како одговор на глобалната енергетска криза и растечката неизвесност поради ситуацијата на Блискиот Исток.

Цените на горивата значително пораснаа – авионското гориво се удвои, а дизелот забележа нагли поскапувања.

Европските земји веќе се соочуваат со проблеми во снабдувањето, а ЕУ разгледува мерки како штедење енергија, ограничувања и дури рационирање на гориво доколку кризата продолжи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Американската војска потврди дека два нејзини брода го поминале Ормутскиот теснец, почнува расчистувањето мини

Американската војска соопшти дека два нејзини воени брода пловеат низ Ормускиот теснец како дел од планот за започнување со отстранување...

Спорт6 часа

(Видео) Тинејџерот Нгумоа го раздвижи Ливерпул – „Црвените“ славеа против Фулам

Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам со 2:0 во 32-то коло од Премиер лигата. Ливерпул ја прекина серијата од три...

Спорт6 часа

(Видео) Јамал доминираше во градското дерби – Барселона го победи Еспањол

Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на стадионот „Камп Ноу“ (4:1), во натпреварот од 31-то коло на Ла Лига. Во...

Свет6 часа

САД и Иран ја завршија првата фаза од преговорите во Исламабад

Првата фаза од директните разговори меѓу делегациите на САД и Иран во Пакистан е завршена, објави Ал Џезира. Двете страни...

Спорт7 часа

(Видео) Удинезе на „Сан Сиро“ го декласира Милан

Фудбалерите на Удинезе го декласираа Милан на „Сан Сиро“ со 3:0, во 32-то коло. Екипата од Удине прв пат во...

Свет8 часа

Утре избори во Унгарија, анкетите покажуваат водство на опозицијата

Утре се одржуваат парламентарни избори во Унгарија, а најновата анкета покажува водство на опозициската десноцентристичка партија Тисза пред владејачката коалиција...

Свет8 часа

Деветгодишно дете извадено од комбе во кое било заклучено од 2024 година во Франција

Деветгодишно дете е спасено оваа недела во источна Франција, откако од 2024 година било заклучено во комби на неговиот татко,...

Спорт8 часа

(Видео) Столе еднаш капитулираше, Валенсија загуби од Елче

Фудбалерите на Елче ја победија Валенсија на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на шпанската Примера. Тимот...

Спорт9 часа

ПСЖ ќе го потпише Енрике до 2030 година

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека...