Регион
Карикатура за средбата во Охрид: Вучиќ бега од потпишување на договорот

Настаните во Охрид и денеска се тема број еден, а на Твитер се појави карикатура како илустрација за вчерашните преговори во Охрид.
"Here is the pen" – #Kosovo – #Serbia deal. pic.twitter.com/zwNun6FqdF
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2023
Џемал Режа, албански новинар од Косово и Метохија, објави карикатура на која се гледа како косовскиот премиер Албин Курти држи пенкало во рака и му го подава на српскиот петседател Вучиќ, кој пак му го врти грбот и заминува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Куче влегло во основно училиште и каснало три деца во Белград

Денеска во попладневната смена, за време на долгиот одмор, во основното училиште „Франс Прешерн“, Белград, куче влегло во училишната зграда и каснало три деца.
Според изворот на Нова.рс, децата плачеле, а итната помош веднаш излегла на местото на инцидентот за да им пружи лекарска помош на децата.
Кучето наводно влегло во зградата за време на големиот одмор, некои деца го хранеле, а тоа наеднаш почнало да ги гризе. Соговорниците на порталот додаваат дека родителите се бесни, а посочуваат дека во ова училиште нема ниту училишен полицаец.
Неодамна слично нешто се случи во основното училиште „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, на часот по физичко, кога момче беше каснато од неколку кучиња скитници.
Регион
Во Србија се бара забрана за мобилни телефони во училниците: ќе се избегне навиката „да снимаат се и сешто“

Форумот на средните стручни училишта ја изрази својата загриженост бидејќи образовните институции во Србија не покренале кампања за забрана на мобилни телефони во училиштата и апелираа таа да се спроведе што поскоро.
Во соопштението, тој форум потсети дека работната група на Министерството за образование за спречување на насилството во декември 2022 година им препорача на училиштата да ја започнат кампањата „Стоп за мобилните телефони“ и самоиницијативно да одлучат за тоа.
„Три месеци по усвојувањето на оваа препорака имаме сознанија дека дури сега првото училиште во Нови Сад донесе одлука за забрана за користење на мобилни телефони во училиштата“, се додава во соопштението на Форумот на средните стручни училишта.
Во соопштението беше посочено дека забраната за користење на мобилни телефони ќе влијае на концентрацијата на учениците, а ќе се избегне лошата навика на студентите „да снимаат се и сешто“ и да ја прикачуваат на социјалните мрежи.
Тие оценија дека во случај на ваква забрана секако ќе се подобри учењето и работата на час, а со тоа и дисциплината на учениците и изразија уверување дека тоа ќе влијае и на намалување на насилството во училиштата.
„Затоа апелираме до сите чинители во образованието, вклучително и синдикатите, да ги посетат училишните власти и да им ги претстават придобивките од забраната за мобилни телефони во училниците“, додаваат од форумот.
Регион
Уапсени осомничените за нападот на албанската телевизија кои со „Калашников“ убиле работник

Албанската полиција приведе две лица осомничени за поврзаност со вооружениот напад на зградата на телевизијата Топ чанел во кој беше убиен 60-годишен чувар. Во прилогот на ТВ Клан се наведува дека двајцата осомничени се уапсени во Валона и дека по потекло се од Скадар, пренесува Репортерс.
„Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад на ТВ Топ каналот. Две лица приведени во раните утрински часови во Валона се по потекло од Скадар. Во близина на зградат, за жал, животот го загуби и 60-годишниот обезбедувач Пал Коља“, се вели во соопштението на албанската полиција.
Албанските медиуми претходно денеска објавија дека набргу по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека било употребено за напад на просториите на Топ чанел.
Порталот „Албанска пошта“ објави дека постојат претпоставки дека во запаленото возило била и автоматската пушка „Калашников“ што била употребена во нападот.
Засега не е познат мотивот за нападот.