Регион
Копале од јули, четири дена ваделе работи од судското депо: откриени нови детали од случајот „Тунел“ во Црна Гора
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/tunel-cg.jpg)
Депото на Вишиот суд во Подгорица било провалено во петок на 8 септември во попладневните часови, а крадците до раните утрински часови во понеделникот на 11 септември краделе докази од магацинот.
Според информациите, истрагата досега утврдила дека во тој период влегле во просториите на депото, каде што извршиле увид и претурале во повеќе работи и предмети што се водат или се завршени судските постапки, но и дека ја обиле заклучената канцеларија, каде што имало оружје.
Црногорски „Вјести“ објави дека од предмет пред Вишиот суд, со намера да спречи и отежне докажување, криминалната екипа украла и оружје и муниција.
Според истражителите, тие на 11 септември преку претходно направен тунел го однеле оружјето со себе во подрум, а потоа го ставиле во куфери и најлонски кеси и со такси го однеле до стан.
Обвинителот Марко Мугоша донесе наредба за спроведување истражна постапка против уапсените Предраг Миротиќ (32) од Подгорица, четворицата бегалци од Лозница – Вељко Марковиќ (32), неговиот вујко Милан Марковиќ (53), Дејан Јовановиќ (30) и Владимир Ериќ (32), кој, како што се сомнева, го копал тунелот до судското депо од крајот на јули до 11 септември.
Со наредба се вклучени и неколку лица на чија идентификација работат истражителите.
Истражниот судија на Основниот суд во Подгорица вчера го прифати неговиот предлог и издаде наредба за распишување потерници за четворица српски државјани, но и за притвор на Миротиќ, Марковиќ, Јовановиќ и за Ериќ.
Правниот застапник на Миротиќ, адвокатката Тијана Живковиќ, за „Вјести“ изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судијата.
Од Основниот суд во Подгорица соопштија дека на Миротиќ му е одредена мерка притвор поради сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, тешка кражба и спречување докази со помагање:
„А во врска со обвинетите М. В., М. М., Ј. Д., Е. В., поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела злосторничко здружување, тешка кражба и спречување докази за соизвршителство, а во врска со нив наредил распишување потерница, бидејќи се во бегство“, пишува во соопштението потпишано од судијката и портпарол Ивана Бечиќ.
Таа објаснува дека врз основа на доказите што ги прибра Обвинителството досега, постои основано сомнение дека за петмината сториле кривични дела.
„Што е прв и основен услов за определување притвор“, додава таа.
„Во однос на обвинетиот М. П. притвор е одреден поради постоење особени околности што укажуваат дека овој обвинет, доколку биде пуштен на слобода, би можел да го повтори кривичното дело, бидејќи се работи за лице што претходно повеќепати е осудувано за разни кривични дела како и за кривично дело против имотот, за кое и во оваа постапка се сомничи, поради што има работа со лице што е склоно кон извршување кривични дела и во однос на кое со претходната осуда очигледно не се постигнала целта да го казни, т.е. дека повеќе не врши кривични дела. Овој обвинет е приведен и поради опасност, доколку е на слобода, да се меша во постапката со влијание врз соучесниците, како и врз други непознати лица, кои директно учествувале бидејќи се бранел молчејќи. Притвор без претходно рочиште им е одредено и на обвинетите М. В., М. М., Ј. Д., Е. В. бидејќи се кријат и со тоа се недостапни за државните органи поради што е наредена потерница“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.