Регион
Леталото што се урна во Загреб носело експлозив, пронајдена црната кутија

Попладнево е пронајдена црна кутија од остатоците од дронот што се урна во Загреб.
Таа е делумно оштетена, но треба да даде податоци за летот и работата на ракетниот мотор, изјави за ХРТ, бригадниот началник на Одделот за воена полиција на Генералштабот на ЗПР, Владо Ковачевиќ.
„ Пристапивме до истрагата, но многу внимателно, како да правиме операција на очите. Имавме заглавувачи – електричен кабел во непосредна близина, големо дрво чии корени беа длабоко во земјата паралелно со авионот, а дополнително се претпоставуваше дека може да се работи за експлозивна направа сè уште во трупот. Најважно – се извлековме и дојдовме до безбедносната кутија, т.н. црна кутија – од неа ќе се дознаат дел од податоците врз основа на вештачење“ рече Ковачевиќ.
Тој истакна и дека се сомнева дека во авионот има експлозив.
„ Можеме да претпоставиме дека авионот носел експлозивна направа, еден дел од фрагментите укажуваат на тоа, но сето тоа ќе го видиме“ рече Ковачевиќ и објасни дека кога леталото е за шпионски или разузнавачки цели, експлозивот не се користи, па затоа се претпоставува дека имало друга цел.
Тој вели дека во читањето на кутијата ќе бидат вклучени воени експерти од авијацијата, ќе бидат вклучени и експерти од Машинскиот факултет и научници, а не е исклучена соработката и со земји партнери кои имаат искуство во тоа.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска најави дека ќе соработува со хрватските власти за утврдување на фактите за падот на дронот во Загреб.
Претходно Пленковиќ побара од Столтенберг да спроведе истрага за летот на НАТО и падот на дронот на хрватска територија.
Се верува дека дронот пристигнал од Украина преку Романија и Унгарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Тој посочи дека ова е историски период како и празник за сите Христијани во Македонија, без разлика на национално потекло. Тој посочи дека и предците се радуваат гледајќи ги радоста и единството.
„Верувам дека деновиве конечно е радосен и Арсениј, последниот охридски архиепископ, а и архиепископот Доситеј и патријархот Герман и сите кои искрено сакаа да ја видат возобновена Охридската архепископија. Кога некој ја чита историјата на Охридската црква, се соочува со црква која не воспоставува граници, која ниту денес не ја користи самостојноста за да се изолира, туку да стане поблиска со другите, да биде тоа што се и другите, неоткинлив и суштински дел на една апостолска црква“, посочи г.г. Стефан.
По признавањето на автокефалноста од СПЦ, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан рече: „55 години седевме и чекајќи во тремот и ненаоаѓајќи некој да се погрижи за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, неговата светост српскиот Патријарх Порфириј. И еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода. Сега и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигнало за жетва. Црквата не е федерација од помесни цркви туку од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет, како единствено цело на целото човешство. Нејзина цел е да го обедини човекот во себеси и да го освети“.
Обраќањето на г.г Стефан беше поздравено со аплауз од илјадниците верници во Соборниот храм. Архиепископ Охридски и Македонски кажа дека сега македонската црква не тагува туку се радува на братската љубов.
„Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекуваната вест. Затоа уште еднаш ваша свестост, Вам и членовите на Архиерскиот собор, Ви благодариме. Стоејќи трепетно во овој момент, овој свештен собор, во мене, оѕвонуваат зборовите за црквата: ‘Целата си убава и дамка нема на тебе’. Ја гледам токму убавината на црквата и длабоко ги разбирам зборовите на Апостолот на народите кој вели дека Христос е глава на телото односно на црквата, а ние сме членови на неговото тело. Затоа од длабочината на душата воскликнувам фалејќи го Бога за неговиот дар, за црквата, па велам: ‘Постојано те величаме тебе Христе, кој неискажливо ги соедини небесното и земното и ја создаде единствената црква на ангелите и луѓето’. Еве нам и денес ни се нуди таа несовршена заедница, која е чиста и долгорочна, чија чистота со ништо не се осквернува и со ништо не може да се одземе. Која е од едниот до другиот крај на Вселената.“
Економија
Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема да има прекини во снабдувањето, пренесуваат агенциите.
Извор од гасната индустрија во изјава за „РИА Новости“ кажал дека сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли.
Изворот за агенцијата навел дека рокот за плаќање за испорака на гас е 25 април и дека затоа е неопходно парите да се уплатат на посебна сметка на 23 мај, бидејќи конверзија во рубли и префрлање пари од една сметка го продолжува рокот за еден до два дена.
„Потребни се два дена за да се претворат во рубли и да се префрлат пари од една на друга сметка. За да се направи ова, плаќањето во евра треба да пристигне на 23 мај“, објаснил тој.
Во Грција, трите главни увозници на руски природен гас се „ДЕПА Комерц“, „Митилинеос“, „Прометеј Гас“, пренесува агенцијата.
Според изворот, сметките се отворени а процесот на плаќање е во тек, пишува медиумот.
Коментирајќи ги објавите на грчкиот печат дека во случај на прекин на испораката на руски гас, грчките власти ќе бидат принудени да ја исклучат електричната енергија поради недостаток на капацитет, соговорникот на агенциите изјавил: „Нема да има прекин на залихи, се е во ред“.
Регион
Ердоган: Мицотакис повеќе не постои за мене

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повеќе не постои за него бидејќи за време на неговата посета на САД се обидел да ја блокира продажбата на воените авиони Ф-16 на Турција.
„Се договоривме да не вклучуваме трети земји во нашиот спор. Сепак, тој ги посети САД минатата недела и ги предупреди во Конгресот да не ни даваат Ф-16“, рече Ердоган на прес-конференција по седницата на владата.
„Тој веќе не постои за мене. Никогаш повеќе нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме со чесните политичари“, додаде тој.