Регион
Лончар: Ако продолжиме вака, на лето ќе можеме да одиме на море

Имаме шанса и сме на добар пат на лето да го ставиме под контрола коронавирусот, изјави денеска српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.
Тој додаде дека денеска почнала ревакцинацијата со кинеската вакцина, која ќе биде дистрибуирана до оние места на кои се давала и првата доза. Исто така, тој рече дека утрово стигнале и дополнителни количини на руската вакцина „sпутник В“.
Според него, ако се продолжи со ова темпо до лето има шанса да се стави коронавирусот под контрола, а потоа граѓаните ќе можат да прават што сакаат – да одат на море. Лончар, сепак, ги предупреди граѓаните да не се релаксираат по првата доза.
„Ве молам, тоа е многу важно. Мора да биде потребно време до повторна вакцинација и по\ тоа уште неколку дена за да се создадат антитела”, рече министерот за здравство.
Во петок попладне ќе знаеме повеќе кога ќе можеме да почнеме да зборуваме за тоа колку време ќе биде потребно за да му се овозможи на „Торлак“ да направи руски вакцини, барем во одредена фаза. Според некои проценки, тоа би можело да биде за два до три месеци. За околу седум месеци, таа вакцина може да се направи во Србија од самиот почеток, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја земавте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше Астразенека за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини.
Бугарија исто така побара итна распределба на 52.800 дози, кои се одложени за 1 март, со порака дека оваа фармацевтска компанија му ја одзела надежта на бугарскиот народ.
Со остар тон, Ангелов напиша дека неуспехот на Астразенека да ги достави договорените вакцини ја компромитира масовната кампања за вакцинација што Бугарија ја започна минатата недела, објави „Ројтерс“.
Многу Бугари побрзаа да земат вакцини во саботата, зголемувајќи го бројот на имунизирани граѓани, но брзо останаа без дози на Астразенека.
Британско-шведската компанија и соопшти на Европската унија дека ќе ги намали испораките за 60 проценти поради проблеми со производството.
Според шемата на ЕУ, Бугарија нарача 4,5 милиони дози од вакцината „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните седум месеци.
Во февруари требаше да пристигнат 450.000 дози, а испорачани се 117.000 дози.
Испораката на 142.400 дози, потврдена на 15 февруари, сега е поместена за 1 март и е намалена за две третини, се вели во писмото на Ангелов.
Регион
(Видео) Разбојници во БиХ украле два и пол тона кафе

Ноќта помеѓу вторникот и средата засега непознати лица ги ограбиле производствениот погон и магацинот на компанијата „Маркафе“ од Кисељак во БиХ носејќи големи количини кафе.
Како што потврдиле од „Маркафе“ за порталот „Кликс“, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел, каде што го паркирале комбето на оваа компанија, црвен „ситроен џампер“. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да го натоварат со дури 2,5 тона кафе.
Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.
Регион
И покрај масовната вакцинација во Србија, расте бројот на заразени

И покрај новите дози вакцини и сè поголемиот број вакцинирани, експертите во Србија предупредуваат на зголемување на бројот на заразени, а кризниот штаб денеска треба до го разгледа работното време на кафулињата и рестораните не исклучувајќи ја можноста за заострување на мерките.
Во понеделникот имало речиси 3.000 заразени, а во вторникот тој број бил 3.257, со 15 смртни случаи. Според најновите резултати, денеска се забележани 3.460 новозаразени и 17 починати. Во последните 24 часа биле направени 15.200 теста.
Според „Нова.рс“, првата доза на вакцината ја примиле 813.266 граѓани на Србија, а втората доза ја примиле 462.578.
Од почетокот на епидемијата во Србија се забележани 4.366 смртни случаи како последица на Ковид-19. На респиратори се 157 лица, а во болниците има 3.727 ковид-пациенти. Од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 442.853 случаи на инфекција.
Државниот секретар во српското Министерство за здравство најави заострување на мерките.
„Мора да обрнеме внимание и што побргу да го запреме влошувањето на ситуацијата“, рече Мирсад Џерлек.
Тој, сепак, забележува дека воведувањето полициски час не доаѓа предвид. Мерките што треба да се засилат се оние што се однесуваат на работното време на продавниците и кафулињата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер