Регион
Лорер: Декември не е реален рок за целосен договор со Северна Македонија
Четиринаесетти декември не е реален рок за постигнување целосен договор со Северна Македонија, изјави за радио БТВ, Даниел Лорер, од коалицијата „Промената продолжува“. Лорер се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија.
„Се чини дека ако ја оставиме историјата за да ги придвижиме преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да даде доволно добар резултат и за двете страни. Така ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји. И историската дискусија ќе се одвива паралелно за да можат и двете страни да бидат задоволни“, рече Лорер.
Тој ја коментираше и заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија.
„Работата на историска комисија меѓу Скопје и Софија не нуди напредок и двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да биде пронајдена нова формула. Нејзина функција треба да биде за да помага, но не да биде и единствена во тој процес. Спорот е длабок и тие дискусии треба да го поминат својот пат и тоа се случува меѓу сите соседни народи на Балканот“, додаде тој.
Прашан дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи на Бугарија, тој ниту демантираше, ниту потврди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата кои се затворени. Заради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на само 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети кои може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“, заедно со илустрација на црвена рака на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ се уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.