Регион
Меѓународна осуда за убиството на бугарската новинарка
Меѓународната заедница жестоко го осуди убиството на бугаркста новинарка Викторија Маринова, чие тело беше пронајдено во утринските часови во саботата во градот Русе. Би-Би-Си објави дека Викторија Маринова е трет најпознат новинар во Европската унија кој е убиен изминатата година.
Харлем Дезир, претставник на проектот “Против организиран криминал и корупција”, во кој учествуваше Маринова, побара итна и темелна истрага на случајот и казнување на сторителот.
Британски „Гардијан“, исто така, објави за убиството, додавајќи дека Маринова известувала за наводна корупција поврзана со европски фондови.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, вечерва во главниот град на Бугарија, ќе има бдение во чест на сурово убиената новинарка од Русе.
БГНЕС потсетува дека 30-годишната Викторија Маринова, која беше административен директор на русенската локална телевизија. Злосторството го пријавил случаен граѓанин, кој го пронашол телото на Маринова, на шеталиштето покрај реката Дунав.
Засега од она што е утврдено може да се каже дека причина за смртта е повреда на главата, како резултат на нанесени удари и задушување. Во оваа фаза не е јасно дали жртвата била и силувана, бидејќи сè уште не е готова судско-медицинската експертиза, пренесува БГНЕС.
Се претпоставува дека убиството е поврзано со нејзината истражувачка работа.
За случајот се огласи и премиерот Бојко Борисов кој порача дека прашање на време е да се открие кој го извршил убиството, со оглед дека, како шторекол Борисов, криминалистичките екипи имаат генетски материјал, а на местото на настанот се испратени искусни професионалци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.
Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.
– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.
Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.
Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.
Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага. .
Регион
Мајката на убиецот на Данка пристигна во Обвинителство
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е главен осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, пристигна во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде ќе биде сослушана.
„Според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, притворот на осомничените им истекува на 3 мај. Тие ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, веднаш штом ќе се исполнат условите“, соопштија од Јавното обвинителство.
Адвокатот на Драгијевиќ најави дека ќе има разговор со Радослав Драгијевиќ, кој е во притвор бидејќи е осомничен дека му помагал на синот Дејан да го отстрани телото на Данка Илиќ.
Таткото и братот на Дејан Драгијевиќ се уапсени под сомнение дека помагале во делото.
Регион
Земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на Крит на длабочина од 106 километри.
Со оглед на тоа дека станува збор за земјотрес со помал интензитет, се претпоставува дека нема жртви и материјална штета.