Контакт

Регион

Милановиќ најпопуларен политичар во Хрватска

Објавено пред

Новоизбраниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, на почетокот од годинава го зазеде местото на најпопуларен политичар, покажува истражувањето спроведено од агенцијата ИПСОП и според кое позитивен впечаток за него имаат 51 отсто од испитаниците, а негативен 41 отсто, пренесува хрватски „Индекс“.

Милановиќ оставил позитивен впечаток кај 87 отсто од гласачкото тело на СДП, но и кај 27 отсто од гласачкото тело на ХДЗ.

Пред пет години сличен рејтинг кај гласачите имаше и Колинда Грабар-Китаровиќ, која во 2015 година оставила позитивен впечаток кај 52 отсто од гласачите. Но затоа во 2010 година, кога победи на изборите, Иво Јосиповиќ имал поддршка од дури 72 отсто од гласачите.

Колинда Грабар-Китаровиќ ја напушта функцијата со поддршка од 45 отсто од граѓаните, а 48 отсто од испитаниците имале негативно мислење за неа.

Според истражувањето, 2020 година носи подобрување на оптимизмот и сега 28 отсто од граѓаните сметаат дека земјата се движи во добра насока, што е еден од најдобрите резултати во последните неколку години. Сепак, 63 отсто од граѓаните сè уште сметаат дека земјата се движи во лоша насока.

Владината политика сега ја поддржуваат 31 отсто од граѓаните, што е еден од подобрите резултати во последните неколку години, а 60 отсто од граѓаните и понатаму не ги поддржуваат потезите на владата.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Премиерoт на Црна Гора: Приоритет е поврзувањето со Србија

Објавено пред

Инфраструктурното поврзување е клучната претпоставка за реализација на визијата за развој на земјите од регионот, оцени во Лондон премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, согласувајќи се со српската премиерка Ана Брнабиќ дека изградбата на автопат и реконструкцијата на железницата, кои ги поврзуваат двете земји, е еден од приоритетите.

Марковиќ на инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на ЕБРД, на кој учествуваат премиерите на шест економии од регионот, нагласи дека е важно да се поклопат плановите на земјите од регионот и да постојат заеднички интереси.

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓукановиќ пред Советот за човекови права: Нè удираат и однатре и однадвор

Објавено пред

Поради Законот за слобода на вероисповедта, Црна Гора се соочува со удари и однатре и однадвор преку отворена спрега на црквата со националистичкото вонсистемско дејствување насочено кон рушење на правниот поредок и негирање на граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на црногорската држава, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Женева, пренесува РТЦГ.

Во своето обраќање на 43. сесија на Советот за човекови права, Ѓукановиќ укажа на ситуацијата во Црна Гора по усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта, кој, според него, е во согласност со најсовремените легислативни стандарди, ја зацврстува слободата на вероисповед, ја уредува правната положба на верските заедници и го гарантира уставниот принцип на одвоеност на црквата од државата.

„Меѓутоа, уште во подготовките, а особено по неговото усвојување, Црна Гора се соочи со обвиненија од страна на само една верска заедница и со брутална медиумска кампања доминантно од блиското опкружување со вешти манипулации и обиди да се обвини државата дека има намера да го одземе црковниот имот и да ја смени нивната повеќевековна намена. Освен тоа, на меѓународните форуми, вклучувајќи го и овој дом, можеа да се слушнат обвиненија дека Црна Гора спроведува политика на дискриминација и ги крши верските слободи“, посочи тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватскиот претседател го осуди палењето на кукли од геј-двојка со дете

Објавено пред

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро го осуди палењето  кукли од геј-двојка со посвоено дете на карневалот во Имотски, велејќи дека тоа е тажен, нехуман и тотално неприфатлив чин во текот на карневалските денови.

„Организаторите кои го приредија срамниот настан, повикувајќи се притоа на традицијата, заслужуваат најсилна осуда во јавноста поради ширење омраза кон другите. Нетолеранцијата и нечовечноста немаат место во хрватската традиција“, порача Милановиќ на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа3 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија4 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет6 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија6 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија6 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија7 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ8 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа8 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа8 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет10 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет10 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа23 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет1 ден

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа1 ден

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија1 ден

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Досие