Регион
Мирослав Лајчак за дијалогот меѓу Белград и Приштина: Се надевавме на подобар исход
Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ЕУ очекува подобар исход од последната рунда и дека за дијалогот и следните чекори ќе разговара со европските и американските партнери.
„Минатата недела ја поминав во Брисел, каде што заедно со мојот тим се подготвив за средба за дијалог на високо ниво, чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. Како што веќе изјави високиот претставник во изјавите за медиумите, се надевавме на подобар исход“, напиша Лајчак на „Фејсбук“ во својот редовен преглед од претходната недела.
Тој рече дека е добро да се размисли за изминатите неколку дена пред да се скокне во „виорот на седмицата на високо ниво на Генералното собрание на ОН“.
„Ситуацијата од дијалогот заедно со тензичната ситуација на северот на Косово ќе бидат предмет на претстојните стратешки разговори со нашите американски и европски партнери за одредување на нашите следни чекори“, напиша Лајчак.
Тој рече дека по завршувањето на новата рунда од дијалогот на високо ниво, разговарал со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел и изразил благодарност за нивниот интерес за дијалогот и за нивната силна поддршка.
Тој се сретна и со директорот за политички прашања и врски на Советот на Европа, Мирослав Пап, кого го информира за дијалогот.
„Ја ценам интересната размена за она што се случува во Советот на Европа и потврдата за нашата проширена соработка во промовирањето на европските стандарди на Западен Балкан“, рече Лајчак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

