Контакт

Регион

Николиќ: Ако треба и јас и моите синови ќе одиме да војуваме на Косово

Објавено пред

 

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека е подготвен да се повлече од претседателската функција доколку Србија, во случај на убивања на Срби на Косово, „го премолчи тоа“, пренесуваат српските медиуми.

 

Реакциите на европските претставници на неговите изјави дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, српскиот претседател ги окарактеризирал како „измама“. „ЕУ требаше да реагира кога пругата беше минирана и кога не беше дозволено да помине српскиот воз. Ако Јоханес Хан вели дека јас не гледам иднината и дека иднината на Србија е независно Косово, тогаш нема за што да разговараме. Тогаш тој е измамник и тоа што ЕУ го прави е измама“, потенцирал Николиќ.

 

На констатациите дека неговите изјави ги вознемириле луѓето, српскиот претседател рекол дека луѓето на Косово се вознемириле кога ги виделе припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ. „Дали тоа е дел од Србија? Да, и тогаш сите сме вознемирени“, навел Николиќ, додавајќи дека „тие не се закануваат со оружје туку отворено кажуваат дека доколку српскиот народ е загрозен на Косово, тој, па и неговите синови, се подготвени да одат и да војуваат“.

 

Николиќ порачал дека Србија ќе го одбрани Србите на Косово и дека за ова постои целосна согласност на владата и претседателот. „Тоа што реков дека ќе испратиме војска се заклучоци на Советот за национална безбедност“, рекол тој. Запрашан околу тоа дали ова има врска со претстојните претседателски избори во земјата, Николиќ додал дека „не го конструирал тоа бидејќи се уште не е нити кандидат за тие избори“. „За ова говорам како претседател на Србија, а не како кандидат и се грижам за животите на Србите на Косово но и насекаде, и не ми е до рејтингот“, заклучил српскиот претседател./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 секунди

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато...

Македонија4 минути

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Спорт5 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт6 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт6 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт7 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт7 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет9 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...