Контакт

Регион

Нови 28 заболени од коронавирус во Албанија, четири се деца

Објавено пред

Албанското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјата забележани се 28 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени достигна 174.

Министерката Еугена Томини изјавила дека меѓу новозаболените се и четири деца, пренесе АТА. Како што додала Томини, бројот на починати во земјата изнесува шест.

Од 73 лица кои се хоспитализирани, тројца се на интензивна нега, а двајца на респиратори.

Во Тирана има 102 заболени со коронавирус.

Регион

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Објавено пред

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за борба против коронaвирусот, кои започнуваат во петок во 17 часот, а завршуваат во понеделеник во 5 наутро.
        
Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека со воведување полициски час во текот на викендот, Србија се обидува да излезе од својата петта недела од борбата против вирусот, откако се покажа дека е проблем за време на викендите, бидејќи луѓето се социјализираат и ги игнорираат мерките за социјална оддалеченост.
        
„Сега е крајот на петтата недела, здравствениот систем е на нозе“, рече Брнабиќ, најавувајќи дека уште неколку болници во Србија ќе бидат трансформирани во т.н. ковид болници. Таа рече дека експертите препорачуваат прекинување на социјалните контакти за да се спречи преносот на вирусот, но се обидува да се избегне 24-часовен карантин, а ограничувањето за време на викендот е „чекор помеѓу“.
        
Брнабиќ ја најави како опција изолацијата на градовите кои се во фокусот на епидемијата, како што се Белград, Ниш, Нови Пазар, Ваjeево и Куприја и препорача дека е можно затворање на големите компании за седум или 14 дена.
        
Според нејзината проценка, Србија е близу до „почетокот на крајот“ на епидемијата, но тоа е можно само со „железна дисциплина“ и некои дополнителни рестриктивни мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

Синот на Вучиќ заболен од коронавирус

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС.

„Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател неодамна изјави дека син му Данило и ќерка му Милица волонтираат по прогласувањето на епидемијата. На една прес-конференција рече дека неговите деца им носат храна и основни продукти на пензионери.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 219 новозаболени, починале четири лица

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 219 нови случаи на коронавирус, а четири лица починале, со што вкупната бројка на починати е 65 лица, соопштија претставници на државниот кризен штаб.

Во болниците има 1.726 заразени лица, а 112 од нив се на респиратори.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет1 час

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа скоро 2000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред.Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, во...

Регион2 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет2 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа4 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија13 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа15 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа15 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија16 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија17 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија18 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет19 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија19 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет19 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија20 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет23 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет24 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 ден

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет1 ден

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет1 ден

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Досие