Контакт

Регион

Нов вид коронавирус потврден во Словенија, се враќаат маските

Објавено пред

Нов вид коронавирус поради коj повторно се враќаат маските е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири.

dobivaj vesti na viber

Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус.

Новите симптоми што овој вид коронавирус ги носи со себе се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации.

Во моментот во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус.

Според податоците од Светската здравствена состојба, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот. „Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена“, соопшти СЗО.

Се додава дека тоа би можело да значи дека арктурус би можел побргу да се шири, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Несреќа во Хрватска: бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете

Објавено пред

Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.

dobivaj vesti na viber

„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.

Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.

Загинаа дури четири лица.

Прикажи повеќе...

Регион

САД: Додик е безбедносна закана

Објавено пред

Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.

dobivaj vesti na viber

Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.

Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.

„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.

Прикажи повеќе...

Регион

Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар

Објавено пред

Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.

dobivaj vesti na viber

Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.

Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.

Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.

– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Воедно,...

Македонија57 минути

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет2 часа

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет2 часа

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....

Свет2 часа

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет2 часа

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија12 часа

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија13 часа

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија16 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија18 часа

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија19 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија19 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија21 час

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија22 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ22 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион23 часа

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ1 ден

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет1 ден

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет1 ден

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...