Контакт

Регион

Пентагон испраќа оклопни возила на Балканот?

Објавено пред

САД можат да го пренесат Вториот оклопен полк на копнената војска од Германија во друга европска земја поблизу до Русија, рекол шефот на Пентагон, Марк Еспер, кој додал дека за тоа се воделе преговори со Полска, Романија и Бугарија, како и со балтичките држави, пренесе „Спутник“.

„По потпишувањето на договорот со Полска за соработка во областа на одбраната, моите неодамнешни средби со министрите од Романија и Бугарија, како и писмата добиени од балтичките држави, се појави можноста за пренесување на Вториот оклопен полк во некоја од тие земји“, рече Еспер, говорејќи на онлајн семинар во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Според него, овие мерки се неопходни за алијансата со цел да се „ограничи Русија“.

Американскиот министер за одбрана ги објави и плановите на САД да го зголемат бројот на ракети со среден и краток дострел во Европа и Азија. Според него, тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на такви ракети во Русија и Кина, како последица на кршењето на Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток дострел.

Администрацијата на американскиот претседател планира да повлече околу 9.500 војници од базите во Германија, вклучително и ловците Ф-16, што беше критикувано дури и од соборците на Трамп, сметајќи го за „подарок за Русија“ и закана за американската национална безбедност.

Во моментов Американците имаат повеќе војници во Германија отколку во која било друга земја во светот, освен Јапонија – околу 35.000. Германската база Рамштајн е логистичка точка и за американските трупи во други бази, вклучувајќи го и Бондстил на Косово.

Најново

Спорт29 секунди

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт10 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура15 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...