Регион
Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите за ГЕРБ, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на експремиерот Кирил Петков. Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент.
Од ГЕРБ засега не го коментираат изборниот резултат. Истакнаа дека ќе говорат по објавувањето на конечните резултати.
Аналитичарите велат дека ова е парламент со израмнети сили, и може да следи нов неуспех за формирање влада, и нови парламентарни избори. Ниту претходната коалиција помеѓу „Продолжуваме со промените“, социјалистите и „Демократска Бугарија“ нема доволно мандати да формира мнозинство.
Кирил Петков го призна поразот
„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите гласачи кои гласаа за ПП, но и на сите луѓе кои гласаа. Она што се случи денес всушност покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат, како и ние, дека Бугарија може да биде поинаква, да биде успешна, да биде просперитетна, да не ја јаде корупцијата“, рече копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков во првиот говор по завршувањето на изборниот ден.
Тој е категоричен дека нема да коалицира со ДПС и ГЕРБ.
Според него, ГЕРБ-СДС како прва политичка сила треба да преземе одговорност и да формира владина коалиција.
„Продолжуваме со промената“ загуби на изборите – рече другиот копретседавач на коалицијата Асен Василев на прес-конференцијата по завршувањето на изборниот ден. Според Василев, важно е земјата да има стабилна влада:
„Јасно кажуваме дека ги загубивме изборите – за 3 отсто, како што минатиот пат ги добивме со 3 проценти, земајќи ги предвид гласовите од странство. Отсега ни претстои тешка зима, сакам да му посакам на ГЕРБ успех во формирањето на владата, бидејќи нивниот успех е успех за сите Бугари“.
Ова се четврти избори во Бугарија во последните година и половина. Излезноста беше за 3 до 5 проценти помала од изборите во ноември минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Згмечен автобус откако удри во друг автобус во Осиек, 20 лица во болница

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуси што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.
Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.
Во болница се примени 20 повредени лица, а засега ниту едно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.
Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.
Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.
Регион
Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар откако се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.
Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.
Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.
Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството.
Регион
Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.
„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.
Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни.