Контакт

Регион

Петрич: Балканот во ЕУ за десет години

Објавено пред

Австрискиот дипломат Волфганг Петрич изјави дека приемот на Балканот во ЕУ ќе биде можен за десет години.Во меѓувреме, рече тој, е важна е поблиска соработка меѓу земјите во регионот, во кој како фактор на стабилност ја гледа Србија.

“Поради својата големина и економска важност Србија има голема одговорност за регионалната безбедност. Стабилен Западен Балкан е невозможен без нејзина посветеност”, рече Петрич, во интервју за денешна “Политика”.Тој додаде дека Србија е неутрална земја со европска перспектива која го одбива радикалниот национализам и ги игнорираше провокациите од соседите.

Запрашан дали поддржува измената на Дејтонскиот договор, Петрич, рече дека договорот “ја надживеа својата корисност”.

“Она што ни треба сега е договор што доаѓа од внатре и кој ќе ги одразува желбите на локалното население”, рече Петриќ, кој беше висок претставник на ОН за Босна и Херцеговина.

Петрич додаде дека “не ја поддржува политиката на референдум за отцепување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, бидејќи не сака таа да стане меѓународно изолирана државичка.”

Тој рече дека “Белград е доволно мудар да се спротивстави на аспирациите за независност на Република Српска, бидејќи тоа ќе предизвика криза во регионот и ќе ја успори европската интеграција на Србија”.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Пронајдени остатоците од потонатата едрилица, лоцирано и телото на четвртото лице: започнува извлекувањето

Објавено пред

Во тешката поморска несреќа што се случи вчера околу 11:38 часот во Сплитскиот теснец, помеѓу островите Шолта и Брач, загинаа четири лица. Трагедијата се случи кога патнички катамаран на домашна компанија се судри со едрилица што пловеше под француско знаме, која потоа потона. Сите жртви беа чешки државјани, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура.

Во моментот на судирот, на едрилицата имало осум чешки државјани, додека на катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот. Четири лица од потонатата едрилица биле спасени од морето и пренесени во Сплитскиот болнички центар со повреди, а според првичните информации, сите се надвор од животна опасност.

Тело пронајдено во остатоците од бродот
Нуркачите на хрватското Министерство за внатрешни работи ги лоцираа остатоците од потонатата едрилица на длабочина од повеќе од 50 метри. Телото на четвртото лице по кое се трагаше е исто така пронајдено во кабината, потврди утрово за телевизијата Н1 капетанот на Сплитската пристанишна капетанија, Жељко Куштера.

„Телото ќе биде извлечено, DORH ќе издаде наредба и бродот ќе биде извлечен. Длабочината е над 50 метри и мора да бидеме многу внимателни, ова се тешки операции. Сè мора да се направи безбедно“, рече Куштера.

Капетанот: Не се сеќавам на таква трагедија
Капетан Куштера потврди дека едрилицата имала соодветни документи и дека во моментот на судирот била напојувана со мотор. Видливо потресен, тој изрази тага поради несреќата.

„Не се сеќавам на таква трагедија што ги погодила сите луѓе и вработени вклучени во поморската индустрија, ова се гостите што дојдоа кај нас. Тоа е комбинација од такви околности, голема болка“, рече Куштера, додавајќи: „Ова е голема трагедија, нема смисла да се зема ништо здраво за готово. Никогаш не сум доживеал нешто вакво во мојата повеќе од триесетгодишна кариера.“

Истрага за причините за несреќата
Службите започнаа истрага за да ги утврдат точните околности што доведоа до судирот. Истрагата на местото на настанот ја спроведува заменик-окружниот обвинител со помош на експерти и полицијата. Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт потврди дека отвора безбедносна истрага, а надлежните органи на Франција и Чешка се информирани за сè.

Судскиот експерт за поморски работи Дамир Вишиќ предупреди дека е прерано да се извлекуваат заклучоци. „Брод пократок од 20 метри мора да избегнува поголеми бродови на водни патишта и тесни канали. Не добивме доволно информации за тоа зошто се случило ова. Можеби станува збор за технички дефект“, изјави Вишиќ за HRT. Слична изјава даде и Дамијан Дундовиќ, раководител на Националниот центар за безбедност на пловидбата, нагласувајќи дека повеќе ќе се знае по официјалната истрага.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Трагедија во Јадранот: Потона едрилица по судир со катамаран, тројца загинати

Објавено пред

Тројца чешки државјани загинаа, а по уште едно лице сè уште се трага по тешката поморска несреќа што денеска се случи меѓу островите Брач и Шолта.

Несреќата се случила околу 11:38 часот, кога се судриле патничкиот катамаран „Крило Еклипс“ и едрилица под француско знаме, по што едрилицата потонала. На катамаранот во моментот на судирот имало 118 патници и седум членови на екипажот, кои не биле повредени.

На едрилицата се наоѓале осум странски државјани. Тројца загинале, четворица биле спасени и пренесени на лекување во Клиничкиот болнички центар во Сплит, каде што е утврдено дека се надвор од животна опасност, додека потрагата по едно лице продолжува.

Во големата акција за спасување учествувале пловила на Капетанијата, поморската полиција, итната медицинска помош и други служби. Во текот на денот биле ангажирани и дрон на крајбрежната стража и дополнителни ресурси за пребарување на подрачјето и потонатата едрилица.

Капетанот на Сплитската капетанија, Жељко Куштера, изјави дека станува збор за голема трагедија каква што не доживеал во повеќе од 30 години работа. Тој потврди дека едрилицата пловела на мотор и поседувала уредна документација.

Причините за несреќата засега не се познати. Поморскиот вештак Дамир Вишиќ изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци и дека истрагата треба да утврди дали станува збор за човечка грешка, технички дефект или други околности. Според него, помалото пловило по правило треба да избегнува поголеми бродови во тесни пловни патишта.

Сочувство по трагедијата изразија хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, министерот за транспорт Олег Бутковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Чешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека нивен конзул е на терен и е во контакт со локалните власти.

Поради несреќата привремено е прекината брзобродската линија Сплит – Милна – Хвар – Вис, а надлежните најавија дека истрагата треба да ги утврди сите околности под кои дошло до судирот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тешка поморска несреќа кај Сплит: се судрија едрилица и катамаран, има загинати

Објавено пред

Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта и Брач, во близина на Сплит.

Несреќата се случила денес околу 11:38 часот во Сплитските врати, кога дошло до директен судир меѓу патнички катамаран и едрилица, која потоа потонала.

На катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот и сите се неповредени. На едрилицата имало осум лица. Дел од нив биле извлечени од морето и спасени, додека за едно лице сè уште се трага.

Во спасувачката акција се вклучени поморската полиција, крајбрежната стража, итната медицинска помош и други служби, а од воздух помага и хеликоптер. Акцијата ја координира Националната централа за спасување на море во Риека.

Катамаранот „Krilo Eclipse“ пловел на редовна линија кон Брач.

Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава1 минута

(Фото) Најжешките облини на познатите сестри го потресоа интернетот: Позираа прегрнати на луксузна јахта

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан за прв пат јавно го поддржа Луис Хамилтон, а тој исто така истакна дека тоа многу...

Забава3 минути

Ѕвездата на „Марвел“ го очекува своето прво дете

Американската актерка Елизабет Олсен го очекува своето прво дете со својот сопруг Роби Арнет, според американските медиуми. Ѕвездата од филмскиот...

Европа6 минути

(Видео) Франција ја критикува Русија: „Како да сте ја бомбардирале катедралата Нотр Дам“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот напад врз Киевско-Печерската лавра е споредлив со бомбардирањето на париската...

Европа12 минути

Синот на норвешката принцеза прогласен за виновен за силување

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, денес беше осуден на четири години затвор откако беше прогласен за...

Забава15 минути

Дали нè штитат или нè ставаат во опасност: Ова е вистината за кремите за сончање и ракот на кожата

Најважната придобивка од користењето креми за сончање е заштитата од УВ зраци кои предизвикуваат рак на кожата. Ракот на кожата...

Свет19 минути

Израелскиот министер за одбрана: Остануваме во Либан, Сирија и Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од јужен Либан, по објавувањето на прекинот...

Забава22 минути

Четири неочекувани знаци на депресија што многумина не ги препознаваат

Депресијата не е секогаш поврзана со тага и плачење и често се манифестира преку рамнодушност, неодлучност и губење на чувството...

Спорт29 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа29 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...