Контакт

Регион

Пет турски генерали поднесоа оставка, двајца биле задолжени за Идлиб

Објавено пред

Пет турски генерали поднеле оставка во пресрет на одржувањето на воениот совет на почетокот на месецов, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Турскиот воен совет, кој го претстави претседателот Реџеп Таип Ердоган, се состана на 1 август за да расправа за унапредувања и смена на високо рангирани припадници на војската.

Петмина генерали поднесоа оставки поради одлуката на Советот, што пензионирани воени офицери го протолкувале како обид за намалување на турската армија, наведува „Џумхуриет“.

Двајца од тие генерали биле задолжени за Идлиб во Сирија, каде Турција е воено присутна. Турското Министерство за одбрана не се огласи со коментар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црногорско-приморската митрополија донирала средства на болниците за купување апарати

Објавено пред

Црногорско-приморската митрополија донирала средства за купување техничка апаратура потребна за работа на здравствените установи за Црна Гора што подобро да се избори со ситуацијата со која се соочи цел свет, пренесува „Вечерње новости“.

„Уплатени се средства за седум монитори и шприц-пумпи, од кои по еден се наменети за болниците во Цетиње и Никшиќ, а останатите за Клиничкиот центар во Подгорица“, се вели во информацијата.

Во договор со управите на болниците во повеќе црногорски градови, оваа опрема деновиве ќе виде врачена таму каде што е најпотребна, велат од митрополијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Неприфатлива одлуката на Хрватска да одлага нуклеарен отпад на границата со БиХ

Објавено пред

Минисерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац, разговарал денес со хрватскиот министер за заштита на животната средина, Томислав Ќориќ, за намерите на Хрватска да изгради одлагалише за радиоактивен и нуклеарен отпад на локалитетот Трговска гора, во непосредна близина на границата со БиХ, пренесува „Вечерње новости“.

Хрватското министерство неодамна одлучи да му ја отстапи на користење локацијата на поранешното воено складиште „Черкезовац“ на Фондот за финансирање на складирање на радиоактивниот отпад од нуклеарната електрана Кршко за исработка на стодија за влијанието врз животната средина.

Кошарац нагласи деја ставот на надлежните институции на сите нивоа на власт во БиХ е дека Намерката на Хрватска да одлага радиоакивен отпад во непосредба близина на границата е потполно неприфатлива и изрази незадоволство од фактот дека Хрватска не се откажува од намерата.

Тој го информираше Ќориќ за проценките дека со изградба на одлагалиштето на Трговска гора ќе се загрозат 250.000 жители во 13 општини во сливот на реката Уна и дека негативно ќе влијае на животната средина, но дека станува збор и за сериозен безбедносен проблем бидејќи посочената локација е на многу трусно подрачје.

Во случај Хрватска да инсистира на посочената локација, Коѓарац порача дека БиХ ќе покрене меѓународен арбитражен спор, но се надева дека овој проблем сепак ќе биде речен по дипломатски пат.

Прикажи повеќе...

Регион

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Објавено пред

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во домашна изолација, пренесува „Вечерње новости“.

Според новите инструкции што локалните самоуправи ги добија од владата, заболените треба од домашна изолација да бидат префрлени во импровизираните болници од каде, по тријажата и во зависност од здравствената состојба, можат да бидат упатени и во болниците за Ковид-19.

Локалните самоуправи се должни да постапат по овие инструкции добиени од Министерството за здравје и од институтот „ Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

„Според одлуката на владата, тоа се однесува на сите дијагностицирани со Ковид-19. Причината за вака значајна одлука е двојна: прво, пациентите со докажан Ковид-19 можат да ги заразат членовите на семејството во домот и опкружувањето, а втора е непредвидливоста на самата болест, односно можноста да дојде до нагло влошување на состојбата и да доведе до загрозување на животот на пациентот,“ вели д-р Верица Јовановиќ, директор на „Батут“.

Позитивните на Ковид-19 според усвоените протоколи се упатуват исклучиво во болниците за коронавирус според територијалната дистрибуција: Белградскиот саем за Белград, „Чаир“ во Ниш и Новосадскиот саем за Нови Сад.

Одлуката се однесува на сите дијагностицирани што не се хоспитализирани, но нејзиното спроведување ќе се приспособува според времето на поставување на дијагнозата и здравствената состојба на секој заразен.

Кога се во прашање дијагностицирани случаи, ќе се постапува во завиност од тоа колку време поминало од дијагнозата. Ако поминале 12-14 дена и два теста на растојание од 24 до 48 часа бидат негативни, лицето се смета за излечено, но мора да остане во самоизолација.

Тие што сè уште не го исполнуваат критериумот за повторно тестирање мора да прејдат во привремените болници за Ковид-19, кои се за полесни пациенти, но секој упатен таму оди прво во тријажен центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет47 минути

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Македонија2 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ3 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија3 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија4 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ4 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа5 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет6 часа

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет7 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија16 часа

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет19 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија19 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија23 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет24 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија24 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ1 ден

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија1 ден

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Досие