Регион
Погребан таткото на сиртаки – илјадници луѓе се збогуваа со Микис Теодоракис
Илјадници луѓе дојдоа денеска на Крит за да му оддадат последна почит на грчкиот музички великан и политичар Микис Теодоракис, кој ќе биде погребан во село недалеку од Ханија, во согласност со неговата последна желба.
Теодоракис, кој беше децениски составен дел на грчката политичка и музичка сцена, почина во четвртокот, 2 септември, во Атина на 96-годишна возраст.
Ковчегот со неговото тело беше изложен три дена во црква во Атина, а потоа беше пренесен со траект на Крит синоќа, објави АП.
Илјадници луѓе го поздравија на островот, каде што општинскиот оркестар ја предводеше поворката до црквата во Ханија. Таму граѓаните го обиколија ковчегот, положија цвеќиња, го допреа со рацете и го бакнаа. Неколку часа подоцна ковчегот беше пренесен во селото Галатас, во предградието, каде што се одржува главната погребна церемонија.
На погребот присуствуваат грчкиот претседател, премиерот, шефот на најголемата опозициска партија и други политичари, како и семејството на Теодоракис.
Теодоракис остави зад себе исклучително богато уметничко наследство, а меѓу музиката на која работеше за бројни светски филмови е југословенскиот воен спектакл „Сутјеска“, додека во 1999 година јавно изрази противење на НАТО-агресијата против Сојузна Република Југославија и Србија.
Описот на Теодоракис вклучува бројни симфонии, опери, балети, кантати и ораториуми, за кои тој честопати црпеше инспирација од грчката народна музика и остана светски познат по композицијата за филмови како „З“ (1969) и „Серпико“ (1973), иако можеби најпрепознатлива е познатата тема „Грчка Зорба“ (1964), во која иконската улога и танц ја играше Ентони Квин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

