Регион
Помеѓу 150 и 300 илјади луѓе ја напуштиле Босна и Херцеговина во последната деценија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/saraevo.jpg)
Во текот на изминатата деценија голем број граѓани ја напуштија Босна и Херцеговина поради политичката ситуација и корупцијата во земјата, како и поради високата стапка на невработеност и лошата економска состојба, а според некои процени е меѓу 150 и 300 илјади луѓе.
Иако нема прецизни официјални податоци за бројот на граѓани на Босна и Херцеговина што ја напуштиле својата татковина и заминале да живеат и работат во други земји, некои истражувања на невладините организации покажуваат дека во текот на овој период имало неколку стотици илјади за десет години.
Амер Осмиќ, вонреден професор на Катедрата за социологија при Факултетот за политички науки во Сараево, за агенцијата „Анадолија“ изјави дека бројот на деца родени денес во БиХ е двојно помал отколку пред 30 години.
„Многу малку деца се раѓаат, многу жители умираат и премногу млади заминуваат, а никој не доаѓа. Значи, негативна слика кога станува збор за природниот прираст, механичко движење, кое многу негативно се одразува на сѐ што се однесува на населението“, рече Осмиќ.
„За сето ова има една главна причина. Населението е незадоволно, ѝ го сврте грбот на државата, а тоа е целиот општествен систем, почнувајќи од политиката, политичките настани, несигурниот општествен систем. Тоа е наталожено општо незадоволство од целиот општествен систем. Она што е можеби уште поважно од ова е немањето перспектива дека ќе биде подобро“, рече Осмиќ.
Зборувајќи за помалиот број раѓања и големиот број умрени, професорот вели дека демографски БиХ е веќе земја на стари луѓе.
„Моето и истражувањето на моите колеги укажува дека според пописот на населението од 2013 година, Босна и Херцеговина имала просечна возраст од речиси 39 години. Сите процени укажуваат дека со заминување на младите луѓе, перспективното и работоспособно население, и населението во плодна возраст, денес зборуваме за просечна возраст која е далеку над 44 години“, изјави Осмиќ и додаде дека ситуацијата е загрижувачка во последните 15 години, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.