Регион
Прв снег и во Србија, температурата синоќа беше минус пет степени
На Копаоник од утринава паѓа снег. Забеле и во Златибор и во околината на Прокупац.
Од утрово на Копаоник паѓа слаб до умерен снег.
Природна покривка има речиси еден сантиметар на надморска височина од 1.000 метри до врвовите.
Ова е прв снег оваа зима во Србија, а според метеоролозите од Метеоролошката станица на Копаоник, врнежите се очекува наскоро да престанат, пренесува rts.rs.
Температурата синоќа се спушти до минус пет степени.
Метеоролозите и надлежните предупредуваат на густа магла и дополнителна претпазливост за возачите, бидејќи видливоста е намалена.
Во пониските предели повремено врне и слаб дожд. Температурата на повисоките места ноќе е околу нула или степен пониска, додека дење е потопло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Девојче паднало од прозорец во Нови Сад
Единаесетгодишно девојче почина синоќа во новосадска населба, откако паднало од прозорец, пренесуваат медиумите во соседството.
Се се случило околу 21 часот, а детето на плочникот во дворот на зградата го пронашол случаен минувач, кој повикал полиција.
Според написите, се претпоставува дека девојчето излегло низ таванскиот прозор и паднала или скокнала на плочникот.
Наредена е обдукција, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Слаб земјотрес ја погоди Хрватска
Слаб земјотрес со јачина од 1,9 степен според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 7.45 часот по локално време, на 23 километри од Вараждин.
И покрај тоа што земјотресот бил слаб, граѓаните известуваат дека го почувствувале.
🔔#Earthquake (#potres) M1.9 occurred 23 km E of #Varaždin (#Croatia) 4 min ago (local time 07:45:02). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/A75wIig2wa
🖥https://t.co/X0gkEdQAbp pic.twitter.com/Hnpm4EHjmx— EMSC (@LastQuake) December 10, 2024
Земјотресот се случил на длабочина од шест километри.
Регион
Борисов до Радев: Ако неделава не се договориме за влада, нема да се договориме ниту следната
„Мило ми е што парламентот почнува да работи на прашање за кое вие дадовте значаен придонес, а тоа е – компромисот што го направивте со предлогот и изборот на претседател на Народното собрание. Тоа овозможи да започнат денешните консултации за формирање влада. Со овие зборови му се обрати бугарскиот претседател Румен Радев на лидерот на ГЕРБ-СДС, Бојко Бориво, на почетокот на политичките консултации пред врачувањето на првиот мандат за формирање влада.
„Формирањето кабинет во овие услови бара многу интензивен дијалог и постигнување консензус“, нагласи шефот на државата и го праша Борисов „Кога, евентуално, повеќе би сакале да го добијат првиот мандат“. Борисов претпочиташе мандатот да биде врачен по 16 декември.
„Политичкото его се покажа како многу, многу голем проблем во Бугарија“, нагласи лидерот на ГЕРБ-СДС. пренесува „бнр.бг“.
„Она што можам да ве уверам е дека, гледајќи ја меѓународната ситуација и она што треба да се одлучи овде во Бугарија, како што се буџетот и геостратешките проекти, на Бугарија и треба редовна влада. Можам да ве уверам дека оваа недела ќе го направиме ги убедиме колегите во можноста за правење редовен кабинет. Оваа недела претпоставувам дека ќе биде за консултации. Од понеделник наваму мислам дека, ако ви дозволува и распоредот, можеме да одиме на прв термин. Ако не се договориме за влада неделава, нема да се договориме ниту следната . Направивме многу компромиси. Да видиме какви чекори би предложиле другите партии, бидејќи гледам многу навредени лидери што нивниот кандидат не станал претседател на Народното собрание“, истакна Борисов.