Регион
Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник за земјите од Југоисточна Европа
Пријателството меѓу Уганда и земјите од поранешна Југославија, кое трае неколку децении и датира од заедничките активности во Движењето на неврзаните, повторно е продлабочено и на обострано задоволство.
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, го назначи српскиот бизнисмен Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа.
На церемонијата одржана во лондонското предградие Виндзор, претседателот Мусевини го назначи Стоиљковиќ за претставник за трговски и инвестициски односи со Уганда за сите земји од Југоисточна Европа.
Обраќајќи им се на присутните на церемонијата, Мусевени ги повтори историските врски на Уганда со Југославија, кои траат од првиот самит на Движењето на неврзаните одржан во Белград во 1961 година. Тој со гордост нагласи дека Уганда ќе биде домаќин на самитот на Движењето на неврзаните следната година.
Несомнено е дека односите меѓу регионот на Југоисточна Европа и оваа земја ќе продолжат да растат во наредниот период, пред се во делот на трговијата и инвестициите.
Пазарот во Уганда е отворен и за сите македонски бизнисмени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Таткото на убиецот од „Рибникар“ осуден на 14 и пол години затвор, а мајката на две години и 11 месеци
Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, објави „Блиц.рс“.
Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за кривичното дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.
Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград.
Во својот завршен збор, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на судот да им изрече максимални затворски казни на родителите. Тој побара единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ, а тригодишна затворска казна за Миљана Кецмановиќ.
Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани. Судењето беше повторено бидејќи Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беше осуден на неколку години затвор и наложи повторно судење.
фото/епа
Регион
Црна Гора очекува брзо решение на отворените прашања со Хрватска
Црна Гора е оптимист дека во наредните месеци ќе успее да реши поголем дел од отворените билатерални прашања со Хрватска, изјави министерката за европски прашања Маида Горчевиќ.
Таа по усвојувањето на позитивниот извештај за напредокот на земјата во Европскиот парламент истакна дека комуникацијата меѓу Подгорица и Загреб е добра и дека целта е сите спорни прашања да бидат затворени пред влезот на Црна Гора во Европската Унија.
Црна Гора има амбиција да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година, а до крајот на годинава планира да ги затвори сите преговарачки поглавја.
Регион
Ужас во Србија: Структура на автобуска постојка падна врз момче, детето е во критична состојба
Синоќа, дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија е примено во детската болница во Белград со исклучително тешки повреди, објави „Телеграф.рс“.
Според првичните информации, момчето е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот откако целата конструкција на автобуска постојка паднала врз него.
Во еден момент, момчето се држело за конструкцијата на постојката. Следната секунда, масивната конструкција целосно попуштила и се урнала директно врз детето – според очевидци кои биле на местото на настанот.
Лекарите се борат за животот на детето
Брзата помош брзо реагирала и го пренела тешко повреденото момче во итната детска клиника во Белград.
Полицијата и надлежното обвинителство се известени за случајот.
Истрагата е во тек.
