Регион
Приштина: Отповикувањето на сите налози за апсење на косовски граѓани – услов за дијалогот со Србија
Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели изјавил дека дијалогот со Србија ќе биде продолжи дури откако Белград ќе ги повлече сите налози за апсење на косовските граѓани, пренесуваат косовските медиуми.
„Ќе го продолжиме дијалогот како процес, бидејќи тоа е потребно за Косово да напредува кон европските интеграции. Но никогаш нема да се согласиме српската држава да има надлежност над нашите граѓани“, рекол Весели.
Тој додал дека Србија не може да се меша во внатрешните работи на Косово и да покренува обвиненија против косовските државјани./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид
Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален ден во Босна и Херцеговина.
„Еден од најтешките моменти беше кога го извлекувавме тоа момче каде што неговите родители починаа, за жал, на лице место. Го најдовме детето под тој ѕид, тој момент беше најтежок, низ што тоа дете… Како што слушнавме понатаму, тоа момче се бори за живот, пренесено е во болница, момчето имало седум-осум години“, изјави Ѓелмо за Аваз.
Да потсетиме, според последните информации во Јабланица животот го загубија најмалку 16 лица.
Регион
(Видео) Снимка од воздух од уништената Јабланица во БиХ
Обилни врнежи од дожд кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, јавува Анадолија.
Најтешка е ситуацијата во Јабланица и Долна Јабланица. Потврдено е дека загинале најмалку 16, а министерот за одбрана на Босна и Херцеговина изјави дека на тоа место се водат десетици лица за исчезнати.
Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 лица од поплавите во Јабланица. И тогаш поројот го повлекол синот и, за жал, го однел. Се сомнева дека загинале и голем број граѓани на Јабланица за кои претходно се мислеше дека се повредени.
Спасувачките екипи успеале да евакуираат бремена жена од Јабланица, која потоа била донесена во болница. На трудницата и е извршена операција, но го изгубила бебето.
Регион
(Видео) Поплавата во БиХ однесе куќа, само скалите и оградата останаа недопрени
Во селото Трусина во БиХ поплавите предизвикаа големи штети. Ситуацијата сега е стабилизирана, но за да се санираат последиците од штетите ќе бидат потребни месеци.
Екипата на Дневни аваз снимила страшни сцени, каде куќата ја однела поплавата. Од него останаа само скалите и оградата.
Според граѓаните, во ова село имало и загинати, но се уште нема официјална потврда за ваквата информација.