Контакт

Регион

Продолжен притворот на лажната забарка од Белград: Ја фалсификувала дипломата, а потоа и лекувала, нанесувајќи им штета на околу 40 жени

Објавено пред

Снежана С.(48), која е уапсена поради сомнение дека во нејзиниот салон вршела естетски и стоматолошки зафати иако немала соодветно образование за тоа, а во таа прилика, како што се сомневаат, биле повредени околу 40 жени во нејзиниот салон за убавина „БВ Дентал Естетик“ во Белград, со решението на Првиот основен суд во Белград е продолжен притворот за 30 дена бидејќи постојат посебни околности кои укажуваат дека останувањето на осомничената на слобода би влијаело на сведоците.

dobivaj vesti na viber

Снежана С. се товари за кривично дело фалсификување исправа и кривично дело надрилекарство.

Таа признала дека ги правела третманите, но не и дека нејзината диплома е лажна.

Како што пишуваат белградските медиуми, таа им наштетила на околу 40 жени нудејќи ѝм услуги преку Интернет, поточно социјалните мрежи и веб-страниците кои нудат попусти за одредени услуги. Така таа понудила третмани кои чинат десетици илјади динари по цена од неколку илјади. Се верува дека цената била една од стапиците во кои паднале пациентите. Пополнување на брчките со хијалуронски филтер, кој го рекламирала за 8.000 динари, третмани за обновување на косата со крвна плазма за 5.500 динари, иако вредноста на споменатите третмани е речиси 20.000 српски динари.

Регион

„Брат ѝ ја споменува Данка, срцето ни се кине“: се огласи дедото на убиената Данка Илиќ

Објавено пред

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да дознаеме што ѝ направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка Илиќ (2) од Бор, по чие тело се трага веќе десетина дена откога се откри дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ првин ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

dobivaj vesti na viber

Дедото на Данка Илиќ изјави дека, според информациите, најмногу му верува на Министерството за внатрешни работи (МВП).

„Во секој момент, доколку нè интересира некоја информација, нивните врати ни се отворени. Потрагата по телото сè уште е во тек. Видовте и самите, според приказната за овие две чудовишта, не разбирам што направија“, вели Илиќ.

 

Според него, братот на Данка, кој бил со неа во Бањско Поле во моментот на нејзиното исчезнување, во еден момент бил однесен во згрижувачко семејство бидејќи, како што тврди, неговите родители биле осомничени.

„Братот на Данка, мојот внук, по сослушувањето, е вратен кај родителите и нашето семејство. Веднаш, на вториот или третиот ден, ни го вратија детето. Бил во згрижувачко семејство. Според законот, тоа е постапка затоа што беа осомничени мојата снаа и синот. Додека не се реши проблемот, детето мораше да биде таму“, вели тој.

Според него, малото момче има три години и два месеци и сè уште не е свесно што се случило со сестра му Данка.

„Сè уште е дете. Некогаш ја спомнува Данка, а тоа ни ги крши срцата. Го вративме во градинка, сите се трудиме да живееме нормално, а само чекаме во секој момент да ни кажат дека ја нашле“, вели дедото на Данка.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Верувам дека во следните 10-15 дена ќе се избере нова влада

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува за 10 до 15 дена пред мајските празници да се избере новата Влада на Србија.

dobivaj vesti na viber

„Да ги дочекаме велигденските празници и големото собрание со Република Српска, со нова влада. Тоа би имало смисла“, изјави Вучиќ за РТС.

Напомена дека можеби ќе има мали поместувања, но се надева оти пратениците нема да се налутат ако треба да работат за првомајските празници.

Вучиќ посочи и дека главната цел на новата влада ќе биде заштита на виталните национални и државни интереси и дека ќе остане на слободарскиот курс.

Тој рече и дека е задоволен од функционирањето на старата влада, но дека мора да има одредени промени.

Прикажи повеќе...

Регион

Ја убил поранешната сопруга и го ранил брат ѝ: драма во Центарот за социјална работа во Урошевац

Објавено пред

Тешко убиство се случи денеска во Урошевац, при што едно лице загина, а друго е повредено.

dobivaj vesti na viber

Од обвинителството во Урошевац за тамошните медиуми изјавија дека осомничен за убиството на жената во Урошевац е нејзиниот поранешен сопруг. Исто така, според Обвинителството во Урошевац, жртвата и напаѓачот се сретнале во Центарот за социјална работа, каде што се случило злосторството.

„Коха“ објави и дека е повреден братот на жртвата.

Основното обвинителство во Урошевац соопшти дека главен осомничен е поранешниот сопруг на убиената В.А., а потоа е приведен. На лице место се екипи на истражители и форензичари.

„Можам да потврдам дека жртвата е жена. Осомничен за нејзиното убиство е нејзиниот поранешен сопруг. Инцидентот се случил во Центарот за социјална работа каде се сретнале жртвата и напаѓачот“, изјави главниот обвинител Шукри Јашари.

Според косовската полиција, злосторството се случило во Центарот за социјална работа околу 14 часот и 40 минути.

„Од пукањето едно женско лице починало на лице место, ова го потврдиле присутните лекари, додека едно машко лице е повредено и испратено во Ургентниот центар во Урошевац“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – можат да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка, за бегството на затвореникот од Идризово, што се случи во октомври минатата година....

Македонија56 минути

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран, бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 час

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ1 час

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија2 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк, барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет4 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет5 часа

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет5 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет5 часа

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет19 часа

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет21 час

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија1 ден

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет1 ден

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет1 ден

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...

Свет1 ден

(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

Иранските пипала може да се видат во разгорувањето на огнот на Блискиот исток и многу конфликти. Преку своите посредници: палестинскиот...

Свет1 ден

(Видео) Иранците прославија по нападот врз Израел

Нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел беше прославен синоќа на улиците во Иран, и покрај тоа што еврејската...

Свет1 ден

Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад...

Свет1 ден

(Видео) Снимен удар на балистичка ракета во Израел

Познатиот ирански новинар Бабак Тагве, кој живее во егзил, на својот Твитер профил објави видео на кое наводно се гледа...

Свет1 ден

Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор

Јордан и Ирак повторно го отворија својот воздушен простор, откако го затворија синоќа. Државната телевизија во Јордан соопшти дека земјата...