Контакт

Регион

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка и дека на следниот самит во Драч треба да ја поправи грешката.

„Не е идејата да го поделиме Западен Балкан, туку да ги опфатиме сите земји од Западен Балкан. Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот и да се усогласи со сите останати за сите елементи. Се сеќавам дека потребно беше време претставниците на Косово да бидат прифатени на иста средба со тогашните авторитети од Србија и Босна, бидејќи ниедна од страните не сакаа да седнат на иста маса. Сега учеството на Косово не е ставено под прашање и не можеме да го разбереме сето тоа, не го гледам интересот од враќањето назад“ рече Рама.

Тој додаде дека не го променил мислењето кон Србија и Босна, поради нивното непризнавање на Косово, но, истакна дека во меѓувреме нерешавањето на ова прашање не е оправдување Приштина да биде исклучена.

„Дали граѓаните на Косово сакаат да чекаат ред на граница или да се отворат границите? Не е ова мини-шенген, бидејќи сум висок не сум се чувствувал мини или мал. Но, може да се каже Западен Балкан-шенген при што слободно ќе биде движењето во цел регион“ рече албанскиот премиер.

Регион

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Објавено пред

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана.

Како што пренесуваат локалните медиуми, тој на крајот на септември излегол од затвор по издржување двегодишна казна за кражба.

Весникот „Дневник“ објави дека тој бил изведен пред судија на крајот на октомври и бил задржан во притвор. Љубљанската полиција соопшти дека првото кривично дело го направил во студентски дом, а другото 10 дена подоцна во центарот на градот.

Првата студентка ја силувал во нејзината соба кога двајцата се опијаниле, а таа го замолила да си оди бидејќи сака да спие, а другата ја силувал во алтернативниот културен центар „Метелкова“ во центарот на Љубљана заканувајќи ѝ се со нож.

Тој бил уапсен на крајот на октомври, а го препознале и двете жртви, на возраст од 22 и 23 години.

Мароканецот веќе имал криминално досие. Тој во јуни 2016 година извршил кражба, а пред тоа бил осуден на три месеци затвор, исто така за кражба.

Според неофицијални информации на весникот, тој пред неколку години барал меѓународна заштита во Словенија, но бил одбиен, а кога ќе ја издржи казната за силување, тој, најверојатно, ќе биде депортиран.

Прикажи повеќе...

Регион

Извештај на БВМН: Хрватска има подруми за мачење во близина на Србија

Објавено пред

На граничниот премин Бајаково кон Србија, Хрватска има подруми во кои полицијата ги претепува мигрантите, се тврди во најновиот извештај на Мрежата за мониторинг на граничното насилство (БВМН), која се занимава со правата на мигрантите и на бегалците, пренесува хрватски „Индекс“.

Во извештајот за октомври 2019 година оваa мрежа ги прозва хрватските власти за кршење на човековите права на мигрантите и за спроведување нелегални политики на системско насилство врз нив. Се наведува дека во подготовката на овој извештај активистите на БВМН, меѓу другото, интервјуирале 30 мигранти и ги забележале нивните искуства.

Во споменатиот период, како што се наведува, забележан е исклучително голем број инциденти со полициско насилство, а како особено вџашувачка приказна го наведуваат постоењето подруми на граничниот премин Бајаково во кои хрватската полиција ги претепува мигрантите.

„Во тој подрум службениците на хрватската гранична полиција со раце и со палки претепувале малолетници, од кои дел имале само по 12 години. Едно сведочење ја опишува просторијата со големина од осум квадратни метри до која се доаѓа по скали што водат под просториите на граничниот премин“, пишува во извештајот на БВМН.

Во таа мала просторија без прозорци понекогаш уфрлале и група мигранти. Во текот на престојот во подрумот на Бајаково мигрантите немаат право да одат во тоалет ниту имаат пристап до вода и храна, а ускратено им е и правото да побараат азил.

Еден 16-годишен Авганистанец раскажал дека во тој подрум го држеле повеќе од еден час и дека го тепале со раце и со пендреци. Кај еден малолетник хрватската полиција користела и електрошокер и го удирала од ѕидот на подрумот.

„Случаите забележани во октомври откриваат дека подрумската просторија е дискретна локација на која полицајците можат да ги малтретираат транзитните групи мигранти и во која се заштитени од погледите на возачите што ја преминуваат границата“, се вели во извештајот.

Од БВМН потсетуваат и дека медиумите известуваа за „гаражата за мачење“ во Кореница, во која полицијата ги водела фатените нелегални мигранти, и наведуваат дека хрватската полиција сè повеќе го користи соблекувањето на мигрантите како уште еден начин на малтретирање.

Со доаѓањето на зимата и студеното време, таквата полициска тактика станува особено опасна зашто може да доведе до хипотермија и до повреди на рацете и нозете, особено кога полицијата ги принудува мигрантите боси да одат низ студени потоци, што исто така е забележано како честа практика.

Во извештајот се наведува дека во октомври хрватската полиција  протерала најмалку 464, а најмногу 607 мигранти, зависно од изворот. Повеќето мигранти биле протерани во БиХ, но има и примери на протерување во Србија.

Од БВМН истакнуваат дека во хрватското законодавство постои можност полицијата да ја примени мерката соблекување на осомничениот, но само во случаи кога се пребарува за скриено оружје. Меѓутоа, во документираните случаи мигрантите биле и до 24 часа во надлежност на хрватската полиција, која им наредила да се соблечат дури откако ги одвела на зелената граница. Ваквото постапување на хрватската полиција, како и дека соблекувањето на мигрантите зачестува со заладувањето на времето, во март го забележале и од „Амнести интернешнел“

Забележани се и два случаи во кои хрватските полицајци, откако им наредиле на мигрантите да се соблечат голи, со пендреците им ги допирале гениталиите и така сексуално ги злоупотребувале и понижувале.

Се наведуваат и дозкази за општопознатата практика на кршење на мобилните телефони на мигрантите, а хрватските закони се кршат и кога на мигрантите им се оневозможува да го искористат правото на барање азил. Такви случаи се забележани во полициската станица во Глина, како и во Огулин.

Во извештајот се нагласува дека и покрај насилното и незаконско однесување на хрватската полиција, Хрватска добила зелено светло за влез во шенгенската зона на слободно движење во ЕУ и пофалби од претседателот на ЕУ во заминување, Жан-Клод Јункер.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Тие што се надеваа дека ќе ме снема, ми даваат сила да се борам уште повеќе

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли шпекулациите дека новинарските прашања биле причина за неговото влошено здравје.

На прашање за здравствената состојба, Вучиќ кажа дека новинарите немаат никаква врска со тоа.

„Хронично сум болен, плус акутните проблеми што ги имав во тој момент. Тоа секогаш се случува. Доаѓа како совршено невреме. И денеска сум болен и под целодневна терапија и тоа не е тајна. Тоа е моја работа и никој нема врска со тоа“, рече Вучиќ, кој подвлече дека не е во најдобро здравје, но оти ќе продолжи да се бори.

Како што повтори, не би било фер и коректно да се инсинуира дека неговите здравствени проблеми имаат никаква врска со новинарите.

„Нема да зборувам колкава е мојата преткомора и да навлегувам во детали. Што има врска тоа со вас? За вака да се влоши состојбата потребни се децении, а не еден ден, кој инаку ми донесе големо политичко задоволство“, додаде тој.

Вучиќ рече дека неговото здравје е нарушено поради тоа што му го дала природата, од неговата небрежност и нередовното земање на лекови за срце и хипертензија.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите што се грижеа. Не беше убава вечерта од петокот кон саботата. Ви благодарам за вашата загриженост, a особено благодарам на оние што сакаа да исчезнам, затоа што ме мотивираат да се борам за Србија уште повеќе, похрабро и порешително отколку што го правев тоа до вчера“, истакна тој.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија4 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа5 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија7 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет9 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија9 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија11 час

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ11 час

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија12 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија13 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ14 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата15 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија15 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа16 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија2 дена

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Досие