Регион
Седма жртва од сообраќајката кај Ниш

Почина и седмо лице од тешката сообраќајна несреќа кај Ниш. Тешко повредена 65-годишна жена, починала по неколкудневните борби на докторите за нејзиниот живот, пренесе Танјуг.
По повеќедневни напори на лекари специјалисти на интензивна нега во Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш, дошло до нагло влошување на здравствената состојба на пациентката, се наведува во извештајот.
Во несреќата, што се случи на 21 декември во судир меѓу автобус и воз, на лице место загинаа три лица, додека две починаа истиот ден во болница. Уште едно лице им подлегна на повредите на 30 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дачиќ: Нема да дојде до договор бидејќи Приштина не сака

До договор со Приштина нема да дојде бидејќи Албанците тоа не го сакаат, оцени министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Тој рече дека разграничувањето на Косово не е идеја од вчера, и за тоа се зборувало години наназад. Дачиќ вели дека Србија во 2005 година имала понуда од меѓународните организации за поделба на Косово, пренесе „Б92“.
„Треба да се води мирна политика. Сигурен сум дека Приштина нема да прифати, но тие ќе бидат одговорни“, рече Дачиќ и додаде дека САД најмногу се залагаат за постигнување договор.
Дачиќ образложи дека заложбите на САД се резултат на тоа што увиделе дека работата не е завршена.
Регион
Почна уште еден антивладин протест во Тирана

Oбединетата опозиција на Албанија се собра денеска на уште еден антивладин протест барајќи заминување на премиерот Еди Рама и распишување на вонредни парламентарни избори, објавија албанските медиуми.
Протестот почна во 10:00 часот, со палење свеќи и положување цвеќиња пред зградата на парламентот, а пораката од овој перформанс е дека парламентот е мртов.
Опозицијата ја обвини актуелната влада на Еди Рама за крадење изборни гласови, но исто така и за корупција и врски со организираниот криминал.
Опозицијата, исто така, повикува на распишување вонредни парламентарни избори.
Седницата на парламентот што требаше да се одржи денес е откажана.
Зградата на парламентот е опкружена со бодликава жица, а околу зградата се распоредени безбедносни сили.
Како што се наведува, околу зградата на парламентот и на улиците на Тирана, има повеќе од 1.500 припадници на полицајата, специјалните сили и гардата.
На антивладините протести одржани минатиот четврток дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, па во пресрет на денешниот протест апел за воздржаност упатија албанскиот претседател, Илир Мета, и Амбасадата на САД во Тирана.
Регион
Српската премиерка Ана Брнабиќ доби син

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, докторката Милица Ѓуриќ, станаа родители. Милица вчера роди син, објавија српските медиуми.
Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, бебето се вика Игор и заедно со мајката се во добра здравствена состојба.
Брнабиќ и Ѓуриќ се заедно повеќе од десет години.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа